9.8 C
Скопје
13:36 - 31 март, 2026

Неколку причини зошто сте им „привлечни“ на комарците: Пиете пиво, носите темна облека и често се потите

Ладно пиво во текот на летото, „привлечно“ како за луѓето, така и за комарците. Според резултатите од една јапонска студија, луѓето кои пијат пиво се попривлечни за комарците.

Бидејќи тие сакаат овошни и цветни мириси, „крафт“ пивото е особено привлечно за комарците. Тајната е во јаглеродниот диоксид што го чувствуваат на десетици метри, зголеменото ниво на етанол во потта и повисоката телесна температура, пренесува „N1“.

Со ладно пиво секогаш оди и скара особено за викендите. Чадот ги „гуши“ нивните сетила, што им отежнува да ве најдат. Ако сте некаде во природата каде што можете да запалите оган, корисно е да додадете билки што ќе ги избркаат, како што се лаванда, рузмарин или босилек.

Темните бои повеќе ги привлекуваат

Кога носиме потемна облека, комарците подобро не гледаат. Значи, ако сакате да бидете невидливи за нив, заборавете на црната или другите потемни бои. Белите ленени кошули или лесните светли маички се подобар избор отколку потемните парчиња облека.

Лична хигиена

Ако заборавите на дневната рутина при извршување на хигиенските навики, ќе бидете попривлечни за комарците, кои се особено среќни и доколку сте заборавиле да ставите дезодоранс. Едноставно потта и урината служат како аларм за комарците дека е „време за ручек“.

Стероидите и топлината на телото за комарците се како „роденденска торта“, па затоа не треба да бидете изненадени доколку ве забележат после вечерно трчање или вежбање.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....