13:04 - 27 ноември, 2026

Не фрлајте ги семките од лубеница, направете лековит чај од нив

Во топлите денови уживаме да јадеме лубеница бидејќи е освежителна, слатка и нискокалорична. Но потоа, ги фрламе семките. Доколку од нив пак, направиме домашен чај од лубеница, ќе имаме и здравствени добивки.

1.

Семките од лубеница се богати со растителни влакна и оттука помагаат во подобрувањето на дигестивниот систем, па чајот од семки од лубеница се препорачува на оние кои имаат често „запек“.

2.

Семките помагаат на оние кои имаат проблеми со отежнато уринирање и камен во бубрег.

3.

Семките од лубеница содржат голема количина на цитрулин, па одлични се како антиоксиданси.

4.

Чајот од семки од лубеница го намалува крвниот притисок.

Како да го подготвите чајот?

Потребни ви се 4 лажици свежи семки од лубеница кои ќе ги сварите во 2 литра вода. Варете ги 15 минути. Оставете чајот добро да се излади и да отстои половина час. Пијте од него три пати дневно, неколку дена последователно, потоа направете мала пауза па продолжете да го пиете во наредните неколку недели.

Дополнително, чајот од семки од лубеница е богат со магнезиум, витамин А, железо, витамин Б, калциум и витамин Ц. Одличен е за зајакнување на помнењето, а ја подобрува и концентрацијата.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....