10.8 C
Скопје
12:49 - 18 декември, 2024

Како да ја освоите и задржите девојката која ви се допаѓа? Ви нудиме неколку трикови!

За да го добиете и да го задржите вниманието на една девојка, потребно е нешто повеќе отколку само флертување. Голем број мажи не се добри кога станува збор за флертувањето, но тоа не значи дека е изгубена сета надеж. Ако навистина сакате да ја придобиете девојката која ви се допаѓа, тогаш флертот не е единствениот одговор. Па, како да го постигнете тоа? Погледнете ги овие седум чекори кои ќе ви помогнат да и покажете на девојката дека сте достоен човек за неа.

1. Бидете љубопитни

Поставувајте прашања за неа. Бидете вистински заинтересирани за случувањата во нејзиниот живот и работите кои ѝ се важни. Внимавајте да не претерате, но покажете и дека навистина се грижите.

2. Имајте свој живот

Од друга страна, вие треба да бидете подготвени да одговарате на прашања за себе и не треба да оставате впечаток дека имате досаден живот.

3. Грижете се за себе

Изгледот е важен. Не треба да бидете најатрактивниот човек во светот, но покажете дека внимавате и се грижите за себе и за својот изглед. Одржувајте хигиена, поправете си ја фризурата и изберете облека која добро ви прилега и во која се чувствувате удобно.

4. Обрнете внимание на неа

Ова не значи дека треба да зјапате во неа додека не ѝ стане непријатно. Но, покажете ѝ дека сте добар слушател. Доколку ви раскажува нешто, слушајте ја внимателно и поставете прашања кога ќе биде соодветно време. Ако сте излезени со пријателите и таа го спомене нејзиниот омилен пијалак, купете ѝ го наредниот пат кога ќе излезете заедно. Нека знае дека е доволно интересна за да го привлече вашето внимание.

5. Покажете се во најдобро светло

Размислете кои се вашите најдобри карактеристики или кога се однесувате најдобро. Дали е тоа кога сте излезени со пријателите? Кога спортувате? Или пак додека гледате филмови? Кога ќе го сфатите ова и кога ќе имате можност, поканете ја девојката што ви се допаѓа за да ве види во најдоброто издание.

6. Насмевнувајте ја на вистинските начини

Ако сте забавни и ако знаете да го направите тоа на вистинскиот начин, тогаш можете да изгледате многу атрактивни. Но, сепак, внимавајте да не правите груби шеги или да ги исмевате другите.

7. Флертувајте малку

Иако флертувањето не е вистинскиот одговор, не значи дека целосно треба да го избегнувате. Кога ќе дојде моментот, дајте ѝ до знаење на девојката дека ја сметате за атрактивна личност. Но, нека биде тоа умерено, без да претерувате. Ако таа исто така е заинтересирана за вас, ќе најде начин тоа да ви го покаже. Ако не, тогаш вие тука не можете ништо да направите.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....