6.8 C
Скопје
09:13 - 1 април, 2026

(ИСТРАЖУВАЊЕ) КОЈ ИЗНЕВЕРУВА ПОВЕЌЕ: Мажите или жените?

Истражување направено со 2.000 љубовници покажа дека е поверојатно жените да кажат дека сѐ уште се среќни во врската – 71%, во споредба со 63% од мажите, пренесува „The Sun“.

Две третини од испитаниците велат дека имаат среќна врска и покрај тоа што ги изневеруваат своите партнери. Само 33% од оние кои се во врска и го изневеруваат партнерот изјавиле дека се во несреќна врска.

ОДГОВОРЕНО: Како да излечите скршено срце

Мажите велат дека аферата им ги подобрила браковите, а 81% рекле дека изневерувањето е добро за нив во споредба со 72% од жените.

Истражувањето исто така покажа дека, и покрај тоа што признале дека го изневерувале партнерот, 94% од испитаниците би биле бесни доколку дознаат дека нивниот партнер го прави истото.

„Не сум шокирана што среќните луѓе изневеруваат“, вели Џесика Леони, од страницата за состаноци „Illicit Encounters“, која го спровела истражувањето.

Во едно од претходните истражувања спроведени на над 900 испитаници, оваа страница наиде на интересни податоци за изневерувањето. Некои од испитаниците кои ги изневеруваат своите партнери имале љубовници додека стоеле пред олтарот. Најголем дел од нив се мажи, дури во 64% од случаите.

Како да ја победите опсесивната љубомора?

Резултатите од истражувањето потоа ги покажаа следните изненадувачки податоци:

  •  8% од луѓето имале љубовник за време на бракот,
  • 55% признале дека подеднакво се грижат за партнерот и за љубовникот, па ги продолжиле двете врски,
  •  27% продолжиле да се гледаат со својот љубовник една година откако се венчале,
  •  23% од прељубниците раскинале со љубовникот пред брак затоа што се плашеле дека партнерот ќе дознае за аферата,
  •  5% ја продолжиле аферата долго време (некои и подолго од пет години).

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....