11:54 - 25 февруари, 2026

(ГАЛЕРИЈА) МАЈКА СОЗДАВА УМЕТНОСТ ВО ЧИНИЈА: Омилените ликови од филмови, играчки и цртани филмови

мајка уметност храна

Оваа креативна мајка создава уметност во чинија во буквална смисла на зборот. Користи свежи, здрави производи без рафиниран шеќер. А боите пак, ги добива со помош на зеленчук или природен прав.

Лале Момеди има 6-годишен син Џејкоб и 19-годишна ќерка Чарли. Во мај 2015 година, таа почнала да ги претвора палачинките за својот син во забавни ликови од цртаните филмови и сега тоа го прави на секои неколку дена.

Храната ја претвора во интересни ликови од омилените филмови, книги или играчки на нејзините деца.

„Јас и Џејкоб сакаме да бидеме креативни во кујната. Често зборуваме за состојките и нивните предности и недостатоци. На пример, кога имаше 3 години, зборувавме за тоа како кељот е суперхрана. Тој ќе ме прашаше зошто, а јас ќе му речев „затоа што суперхероите сакаат да го јадат тоа“. Оттогаш го обожава кељот“, изјави Лале за „Bored Panda“.

Своите интересни креации почнала да ги објавува на социјалните мрежи. Таму веднаш добила позитивни реакции од другите па решила да продолжи да ги инспирира и другите родители.

За еден месец нејзините креации станаа вирални, привлекувајќи големо медиумско внимание низ целиот свет. Така нејзините креации завршија во магазинот „Time“, „Huffington Post“, „The Today Show USA“, „Disney Channel“ во Австралија и многу други.

Покрај тоа, јавно ја пофалија и Марта Стјуарт и Ештон Качер, а Елен Деџенерис дури сподели и уметничко дело што го направила со нејзиниот лик.

„Во последните две години, имавме доволно среќа да работиме со некои неверојатни компании, вклучувајќи ги „Disney“, „Nickelodeon“, „Universal Pictures“, „Barcelona FC“, Џејми Оливер, „20th Century Fox“ и многу други“, рече Лела.

Лела не ни помислувала дека нејзините симпатични креации во чинија ќе се претворат во работа со полно работно време.

При креирањето користи свежи, здрави производи без рафиниран шеќер или конзерванси. Сè е обоено со помош на зеленчук или природни прашоци како активен јаглен.

 

Слични објави

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо
Се вчитува....