8.8 C
Скопје
17:16 - 27 март, 2026

ФОТО | Застрашувачки: Се појави првата фотографија од паразитот што го јаде јазикот на домаќинот

Вистината е застрашувачка, но, е реална: паразит го одгризува јазикот на својот домаќин, и го зазема местото во устата каде живее цел живот. Еден таков неодамна го откри студент од Јужна Африка, и фотографијата од овој редок призор ја сподели со научната и пошироката јавност.

Дон Марк од Кејптаун риболовел во близина на Иглениот ‘рт, кога на неговата јадица се закачила риба ципура, од речиси три килограми. Но, првото возбудување за успешниот улов, брзо било заменето со шок кој настапил кога почнал да ја вади јадицата. Од устата на рибата го погледнале, како што вели самиот, очи на „вонземјанин“.

 

 

Марк кој студира морска биологија, знаел за ваквите паразити, но, никогаш не ги видел во живо. Откако му ја пратил фотографијата на професорот Ник Смит, зоолог на Универзитетот Норт-вест, се израдувал за откритието, бидејќи овој вид паразит никогаш до сега не е фотографиран.

– Бидејќи сум морски биолог и ловам риби од мал, ова го гледам како мој мал придонес во подобро разбирање на паразитот кој живее на или наместо јазикот од рибите и ајкулите – изјави за „Дејли мејл“ и додаде:

– Ништо не можеше да ме подготви за моментот кога ја отворив устата на рибата и го здогледав вонземјанинот со сини очи како гледа во мене.

Слични објави

(Фото) Раперот Нучи итно хоспитализиран: Среде ноќ, со фотографија ги загрижи сите

Еспресо

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо
Се вчитува....