13:41 - 27 ноември, 2026

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Врската меѓу Мина Костиќ и нејзиниот партнер Мане Ќурувија Каспер сè повеќе привлекува внимание, а нивната љубовна приказна добива и неочекувана професионална димензија.

Каспер јавно откри дека активно работи на „оживување“ на кариерата на пејачката, па дури побарал и помош од нејзиното најблиско семејство за да дојде до материјали од минатото.

„Побарав од Мина да ми ги испрати сите нејзини стари и нови песни. Ја изморив, има милион фотографии, но за мене ништо не ѝ е тешко. Сакам да објавам и слики што никогаш не биле видени“, напиша тој.

Во потрагата по архивски материјали, Каспер ангажирал и член од семејството.

„Моравме да ја ангажираме сестра ѝ од Белгија да ни најде фотографии од 2013 година, кога првпат се запознавме“, додаде тој.

Покрај емоциите, очигледно е дека Каспер има јасна амбиција – повторно да ја врати Мина во фокусот на јавноста. Тој веќе започна да споделува нејзини стари песни и настапи, нагласувајќи дека многу од нив не добиле внимание какво што заслужуваат.

„Има песни што не биле доволно промовирани, а имаат душа и квалитет. Ќе се потрудам да ги вратам“, порача тој.

Од друга страна, пејачката му дава целосна поддршка, што покажува доверба не само во нивната врска, туку и во неговата визија за нејзината кариера.

Нивниот однос, барем според она што го споделуваат јавно, функционира како партнерство во кое љубовта и амбицијата одат рака под рака.

Додека јавноста внимателно го следи секој нивни чекор, останува да се види дали оваа иницијатива ќе резултира со вистински камбек на Мина Костиќ – или ќе остане само уште една приказна од естрадата.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....