10:49 - 7 ноември, 2026

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Биба Додева пријатно изненади во сексапилно издание на манифестацијата „Глумците пеат“ каде што била дел од гостите во публиката. Поп-пејачката се појави со проѕирна кошула, впечатлив накит и соодветна шминка и фризура.

Слика од Биба сподели водителката Ирена Спировска, која се фотографирала со неа и со пријателка во Македонскиот народен театар. Инаку, „Глумците пеат“ се одржаа во две вечери, а на сцената имаше повеќе од 50 уметници.

Фото/Инстаграм

Додева, која сега со сопругот откако се омажи се пресели во Загреб, по долго време се појави во македонската јавност со специјален повод во ноември минатата година.

 

Поводот беше концертот во чест на Кире Костов на кој Биба настапи заедно со повеќе пејачи и ја испеа познатата песна „Штом се сака“, која во оригинал ја пее Верица Ристевска, и доби силен аплауз од публиката.

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....