-0.2 C
Скопје
18:31 - 22 декември, 2024

Фински научници пронајдоа супер лек против мамурлак

Сите оние кои, по лудата ноќ, можат да молчат само во темна просторија и да чекаат да помине пеколната главоболка и гадењето, сега им наздравуваат на научниците од Финска. Имено, тие тврдат дека пронашле лек против мамурлак.

Една нова студија од Универзитетот во Хелсинки покажа дека аминокиселината Л – Цистеин може да биде клучот за ублажување на симптомите на мамурлак. Во студијата учествувале 19 мажи, волонтери, кои пиеле фински традиционален алкохолен пијалак измешан со сок од брусница. Бројот на пијалаци се пресметувал според нивната телесна тежина.

По испиената доза на пијалаци, секој добил по една таблета и тоа половина пласибо и половина таблета чист Л – Цистеин од 1.200 мг. Оние кои пиеле Л-Цистеин имале значително помалку изразени симптоми на мамурлак – главоболка, гадење и чувство на вознемиреност.

И тоа не е сè. Научниците веруваат дека оваа таблета може да го намали процентот на алкохолизам во земјата на долг рок, бидејќи би се намалила навиката да се пие алкохол и следниот ден како „лек“ против мамурлак..

Затоа многумина се надеваат дека оваа студија, објавена во списанието „Алкохол и алкохолизам“, навистина ќе биде решението што се бараше толку долго.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....