11.8 C
Скопје
09:12 - 23 октомври, 2026

Ќерката на Хари и Меган го прослави првиот роденден, на забавата не дошле Кејт и Вилијам

Вчера Хари и Меган го прославија роденденот на нивната ќерка Лилибет, која наполни една година.  Девојчето слави роденден за време на јубилејот на кралицата. За малечката, пристигна вистински туш од честитки од кралското семејство почнувајќи од Вилијам и Кејт Мидлтон, кралицата Елизабета и принцот Чарлс, сите ѝ посакаа најубави желби, но со многу слични пораки: „Среќен роденден на Лилибет која денес полни една година“.

Малата Лилибет е родена на 4 јуни 2021 година во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија и го носи историскиот прекар на кралицата Елизабета како свое име, нејзиното средно име е Дијана, во чест на принцезата, мајка на Хари и Вилијам, која почина во трагична несреќа во 1997 година во Париз.

Дејли мејл објави дека војводите од Сасекс организирале мала забава во Фрогмор Котиџ за првиот роденден на нивната ќерка вчера попладне.

Хари и Меган се вратија во Лондон за јубилејот, а кралицата за прв пат се сретна со својата правнука, на приватна средба во Виндзор. Дури и кралицата била присутна на роденденската забава, но на забавата не дошле Вилијам и Кејт. Но нивното отстуство било оправдано – затоа што војводите од Кембриџ во саботата беа очекувани во замокот Кардиф во Велс во официјална посета закажана поради кралските обврски поврзани со платинестиот јубилеј на англиската кралица.

 

Слични објави

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Хороскоп за 23 октомври: Бикови, поради една ситница ќе се чувствувате многу среќно

Еспресо

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо
Се вчитува....