4.8 C
Скопје
10:43 - 23 февруари, 2025

ДОБИЛА ШАНСА ЗА НОВ ЖИВОТ ДОДЕКА БИЛА ВО ЗАТВОР: На 15 години веќе била зависник од хероин

џини бартон

Џини Бартон е храбра мајка на три деца, дипломирала политички науки на Универзитетот во Вашингтон во јуни, пренесува „FoxNews“.

Бартон сподели една фотографија од своето дипломирање покрај друга нејзина фотографија направена во 2005 година за која вели дека го покажува најинтензивното време на нејзината зависност.

„Оваа фотографија ги прикажува моите најлоши денови кога бев зависник од дрога. Две споредбени фотографии покажуваат во која мера човек може да го промени својот живот само ако сака и ако вложи напор“, вели Џини која го раскажа нејзиното патување.

„Мајка ми беше зависник и првпат се сретнав со дрога кога имав седум години. Веќе на 15-годишна возраст, јас бев апсолутен зависник од хероин“, вели, додавајќи дека растењето со мајка зависничка и шест браќа и сестри било хаотично.

„Конзумирањето дрога за мене беше еден вид бегство од реалноста. Станував се што никогаш не сакав да бидам, а тоа за жал е копија на мајка ми“, се сеќава Џини.

Таа го напуштила училиштето кога имала 10 години. Како што стареела, толку се влошувала нејзината состојба, а напуштањето на пеколот од дрога изгледало како невозможна мисија. На 20-годишна возраст, кога завршила во затвор, година и пол била без дрога, но брзо се вратила на старите навики. Набргу се омажила за човек кој бил насилник. Кога повторно била уапсена во 2012 година, и било кажано дека нема да излезе толку брзо, што на крајот било нејзиниот спас и пат кон нормален живот.

„Ми понудија приватен адвокат. Тука првпат ми помогнаа. Првите шест месеци беа најтешките бидејќи минував низ криза. Решив да преземам одговорност, да се засакам самата себеси и да се променам“, вели таа.

Во последните девет години, Бартон пешачи, искачува планини, вози велосипед и трча. Како што вели, децата се нејзина поддршка, и таа сака да ги охрабри другите да направат промени.

Слични објави

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо
Се вчитува....