-1.2 C
Скопје
03:09 - 22 ноември, 2024

Дали навистина може некој да ве шпионира преку веб камера или камерата на вашиот телефон?

сајбер

Дали хакерите навистина можат да ги шпионираат луѓето преку нивните телефони или веб-камери?

Одговорот е да. Веб-камерите и камерите на мобилните телефони можат да бидат хакирани, со што хакерите ќе имаат целосна контрола врз тоа како тие функционираат. Како резултат на тоа, хакерите можат да ја користат камерата на уредот за да шпионираат поединци и да стигнат до нивните лични податоци. За среќа, постојат чекори што можете да ги преземете за да го спречите или да го идентификувате овој тип на активност на вашиот телефон или компјутер.

Што може хакер да направи со камерата на вашиот уред?

Ако хакерот добие пристап до вашиот уред, тој може да ја користи камерата за широк спектар на работи, главно гледајќи низ неа, да ве фотографира или дури и да ве прислушкува со вградениот микрофон. Добрата вест (ако може да се каже) е дека современите уреди имаат индикаторско светло или некакво известување кога ќе се активира камерата. Ако видите дека ви стигнува известување или се појавува светлото а знаете дека ниту една од вашите апликации моментално не ја користи камерата, може да имате проблем.

Потоа, хакерот најверојатно ќе побара одредени информации како што се лозинки или важни информации што сте ги зачувале на вашиот телефон или компјутер, наместо едноставно да ве шпионира. Всушност, во повеќето случаи, хакерите не таргетираат поединци, туку бараат безбедносни камери кои ги имаат големите компании за да ги добијат овие податоци врз основа на снимките.

Сепак, поединци понекогаш се мета на хакери. Се разбира, постојат некои практики кои можат да ве заштитат од ова или барем да ви помогнат да го идентификувате проблемот.

мобилен телефон

Како да го заштитите вашиот уред?

Ако сте загрижени за тоа како вашата веб-камера може да влијае на вашата приватност, можете да преземете неколку едноставни чекори што ќе им отежнат на потенцијалните хакери да ја користат вашата камера.

Има мали парчиња пластика кои се користат за „затворање“ на камерата. Овие „навлаки“ може да се најдат во повеќето продавници за електроника или на Интернет. Или можете да залепите селотејп врз камерата. Сепак, иако нема да можат да гледаат низ неа, хакерите сепак ќе можат да ве прислушуваат преку микрофонот.

Исклучувањето на вашиот лаптоп или телефон додека не го користите е еден од покорисните совети. Меѓутоа, ако се во таканаречена хибернација, тие сепак можат да бидат мета.

сајбер

Безбедносните стратегии, исто така, можат да спречат или идентификуваат хакирање на камерата

Најдобрите практики за сајбер-безбедност ќе ви помогнат да се осигурите дека хакерот не ја користи вашата камера. Неопходно е да знаете како да идентификувате дали вашиот уред е „заразен“.

Како што рековме, ако светлото на вашата веб-камера трепка случајно, тоа може да биде знак дека хакер или злонамерен софтвер пристапува до неа. Ако забележите дека ова се случува, проверете ги дозволите на камерата на уредот за да видите кои апликации и услуги ја користат:

Windows: Start> Settings> Privacy& security> Camera.

Mac: System Preferences> Security & Privacy> Camera.

Android: Settings> Privacy> Permission manager> Camera.

iOS: Settings> Privacy> Camera.

Ако се чини дека вашиот систем има вирус што вашата антивирусна програма не може да го открие, можете да го однесете вашиот компјутер до доверлива продавница за поправка или експерт за сајбер безбедност.

Сајбер безбедноста не е шега, а хакерите стануваат се поподмолни; понекогаш, најдобриот пристап за идентификување и отстранување на злонамерен софтвер е да го однесете уредот кај обучен професионалец.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....