8.8 C
Скопје
12:19 - 1 април, 2026

Били Ајлиш објави спот за хитот „Everything i wanted“, го режираше сама (ВИДЕО)

Во новиот спот за песната „Everything i wanted“, пејачката Били Ајлиш и нејзиниот брат возат автомобил низ Калифорнија, влегувајќи со него директно во океан.

Режијата на спотот ја потпишува оваа млада пејачка.

Во првите кадри од спотот ја гледаме како вози автомобил и пее, додека на сувозачкото седиште е нејзиниот брат.

Потоа се упатуваат кон плажа, од каде влегуваат со автомобил во вода и потоа потонуваат.

Мојот брат и јас ја напишавме оваа песна еден за друг и сакав да креирам визуелен приказ кој зборува дека, што и да се случи, ние секогаш ќе бидеме еден за друг – објаснува Ајлиш во соопштението за јавноста.

Ова е второ видео кое го режирав. Работевме напорно и долго за да го завршиме на време – додава пејачката.

Оваа 18-годишна ѕвезда во недела ќе настапи на доделувањето на Греми наградите, каде моментално има шест номинации.

Покрај ова, наскоро ќе излезе и нејзината песна „No time to die“, која ќе биде искористена во новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, што ќе ја направи Ајлиш најмладата музичарка во историјата која ја снимила ваква нумера.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо
Се вчитува....