15:59 - 5 декември, 2025

БЕСТСЕЛЕРОТ ЌЕ ДОБИЕ ТВ СЕРИЈА: Последните денови на Џон Ленон од поглед на неговиот убиец

На Марк Чепмен, човекот кој го уби Џон Ленон во 1980 година, му беше одбиена условна казна по единаесетти пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rob Markman (@robmarkman)

Според неговиот адвокат Јонас Хербсман, пресудно било мислењето на вдовицата Јоко Оно, која се противела на какво било намалување на казната додека е таа жива. Следното рочиште е закажано за дванаесет месеци.

Марк Чепмен денес сака да излезе од затвор. Сепак, тој направи се за да влезе во затворот. Убиството било намерно, а убиецот немал илузии. Тој дури и не се обидел да избега. На затворот, во тоа време, Чепмен гледал како на смирувачко место, денови што се повторуваат, време за читање, место заштитено од малите секојдневни грижи…Во 1980 година, Џон Ленон беше симбол на слободата, на љубовта, на феминизмот, на средната класа, на студентските движења…Но, за неговиот убиец, Марк Чепмен, Ленон беше симбол на предавство. Во еден миг, Чепмен не можел да се помири ниту со фразата, кога Џон, во деновите на најголемата слава на Битсли, рекол: „Ние сме попознати од Исус Христос“. За неговиот иден убиец тоа е лицемерно и богохулно. Одлучува да го убие Џон Ленон, со цел да стане уште пославен од него.

Приказната за убиството на Џон Ленон е раскажана чекор по чекор, до детали во новата книга на авторот Џејмс Патерсон, насловена „Последните денови на Џон Ленон“, која содржи 384 страници. Истата книга е адаптирана и во сценарио за ТВ серија. Но, она што е најважно, надвор од стилот (може да ве задоволи или да ве иритира), е импозантната документација врз која Патерсон го заснова својот роман.

Од една страна, животот на Ленон е детално претставен (и реконструиран) во книгата, а не само последните неколку дена пред неговата смрт; а од друга страна – и ова е интересниот аспект – животот на убиецот е до детали исто така претставен. 

Патерсон ја издаде својата книга во САД во декември минатата година, а годинава таа доживеа бројни преводи и пласирана е и во европските земји. Книгата за брзо време доживеа огромен успех, што говори дека и по 40 години од убиството на Ленон, неговите фанови се бројни и сакаат да дознаат нешто повеќе за животот на нивниот идол.

Истоимената телевизиска серија пак, според сценарио адаптирано по романот, се очекува да биде пласирана во текот на следната година.

До тогаш, го очекуваме и македонскиот превод.

instagram

 

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....