13:32 - 12 ноември, 2026

Арнолд Шварценегер нападнат на настан во Јужна Африка (ВИДЕО)

Бившиот гувернер на Калифорнија разговарал со фановите на спортскиот настан „Арнолд класик Африка“, кога еден маж го удрил во грбот.
Напаѓачот е фатен по инцидентот.

Шварценегер на Твитер им се заблагодарил на фановите што се грижат, но додал дека нема причини за грижа.

На видеоснимката која стана вирална на социјалните мрежи се гледа дека Шварценегер позирал за фотографирање на настан во Јоханесбург во саботата, кога човек го удрил во грбот.

Ѕвездата на „Терминатор“ се засопнала нанапред по ударот, напаѓачот паднал, а од обезбедувањето веднаш го фатиле.
Подоцна бил предаден на полицијата.

Шварценегер со повеќе од 4 милиони негови следбеници на Твитер поделил: „Мислев дека толпата ме турка, што често се случува. Сфатив дека сум нападнат дури кога ја видов снимката како и сите вие.“

Подоцна ги повикал своите фанови вниманието да го насочат на настанот наместо на нападот.
„Овде во Јужна Африка на @ArnoldSports имаме 90 спортови и 24.000 спортисти од сите возрасти и способности кои сите нас нè инспирираат да станеме од кревет. Ајде да ги ставиме во центарот на вниманието“, напишал тој на Твитер.

Манифестацијата „Арнолд класик Африка“ се одржува секој мај и има низа случувања, вклучувајќи и бодибилдинг и борбени спортови.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.
Се вчитува....