07:33 - 10 јануари, 2026

ТРИ НАЈСИЛНИ ЖЕНИ ВО ХОРОСКОПОТ: Се борат до последен здив, тие се како феникс!

Се борат до последен здив, а ако „паднат“ – не се предаваат, туку стануваат повторно на нозе, и одат напред.

Се прашувате кои се трите хороскопски знаци кои се надарени со голема сила и издржливост?

Вага

Да почнеме со неа, Вагата. Жената Вага насекаде го бара балансот, и во себе, и во меѓучовечките односи. Таа е ведра и искрена жена, способна да се справи со секоја ситуациите и излегува како победник особено поради добрата доза на рационалност. Таа речиси никогаш не кажува лаги и природно е насочена кон потрагата по вистината. Но, Вагата е, исто така, тврдоглав знак и има тенденција да се изолира од токсични луѓе.

Трпението е голем сојузник на овој знак. Но, Вагата знае кога да стави точка – кога ситуацијата станува штетна за нејзината рамнотежа – пред да ја стави точката, издржува дури и повеќе од што мора. Сепак, кога таа точка ќе биде ставена, нема повеќе назад. Себеси знае како да си прости, но не и на оние кои и донеле неправда. Жената Вага најдобро знае како да се соочи со сопствените стравови и да ги надмине.

Бик

Жената Бик има голема глава и големо срце. Двете главни карактеристики на овој знак, особено кога станува збор за жена, се тврдоглавост и контрола на емоциите. Оваа комбинација ѝ помага да управуваат со сите тешки ситуации, и на личен и на деловен план.

Жената Бик не толерира ароганција, а камоли да ја третирате како да не ја забележувате во тоа што го прави за вас. Најдобро од сите хороскопски знаци знае како да ја зачува независноста и автономијата, но не планира да се откаже од социјализација. Таа не е ладна жена, иако остава таков впечаток, напротив, кога таа е опуштена, има многу да им понуди на оние околу неа. Нејзината одговорна и контролирана природа се клучните елементи кои ја прават исклучително силна.

Нема да му прости на оној кој ќе ја повреди. Кога ќе „падне“ таа е вистински феникс – ќе полета од пепелта.

Јарец

На крајот, жената родена под знакот на Јарец. Културна е и елегантна. Сè што го поттикнува интелектот и го стимулира срцето, неа ќе и се допадне. Јарецот е многу самокритичен знак и секогаш е во потрага по совршенство и по личен напредок. Јарецот, во својата женска верзија, е знак кои цврсто стои на нозе на теренот: знае што ја опкружува и токму тоа го користи како алатка за комуникација и анализа за себе, како и за предвидување на тоа што следува. Се опкружува со пријатели кои се силни приближно како неа, секогаш бара квалитет пред количина!

Иако остава впечаток на бездушна херина, во суштина е грижлива, емотивна и страствена жена: дише со срце.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....