13.8 C
Скопје
13:31 - 22 април, 2026

СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА РЕТРОГРАДНИОТ МЕРКУР ВО 2022: Како хороскопските знаци максимум да искористат од неговата моќ

меркур

Ви ги носиме сите детали за ретроградниот Меркур во 2022 година и како ќе делува на хороскопските знаци.

Го имавме во јануари, но ќе мора да се соочиме со него и во мај и септември.

Планетата Меркур владее со информациите, комуникацијата и нашите интелектуални процеси. Затоа, неговата ретроградност делува токму на овие полиња од нашите животи -од темите за кои зборуваме до начинот на кој комуницираме, без разлика на хороскопските знаци. Секоја година Меркур прави три ретроградни циклуси. За време на овие периоди најчесто – освен недоразбирања и проблеми во комуникацијата – во вашите животи може повторно да се појават луѓе од минатото, како што се стари пријатели, отуѓени роднини и некоја поранешна незавршена работа.

Во 2022 година трите главни ретроградни фази на Меркур најмногу ќе ги погодат воздушните и земјените хороскопски знаци, барајќи од нив да ја прочистат комуникацијата и да посветат поголемо внимание на структурата на животот.

По јануарскиот ретрограден Меркур, следните периоди се:

10 мај – 3 јуни: Ретрограден Меркур во Близнаци / Бик

9 септември – 2 октомври: Ретрограден Меркур во Вага / Девица

И – 29 декември – 20 јануари 2023 година: Ретрограден Меркур во Јарец

ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ ДОДЕКА МЕРКУР Е РЕТРОГРАДЕН? 

  1. Бидејќи Меркур владее со комуникацијата, ова е време на недоразбирања, па затоа е попаметно да избегнувате важни разговори, договори, преговори, потпишување договори итн.

2. Меркур владее со транспортот и технологијата, па затоа не е добро време за купување автомобили, телефони, компјутери, бела техника и други уреди.

3. Не е добро време за започнување на нов бизнис. Не е добро време ниту за замена на комјутер, за отворање /затворање сметка во банка, за плаќање преку интернет.

4. Избегнувајте се што има врска со администрацијата. Тоа е моментот кога редовно ќе ви побараат уште еден документ, кога софтверот погрешно ќе ги „поврзе“ податоците без ничија вина.

5. Меркур владее и со трговијата, па дури и на тоа поле може да очекувате сплетки.

6. Со ретрограден Меркур не е време за објавување книги, е-книги или започнување работилници, проекти доколку сакате да траат и да имаат подолгорочна вредност.

7. Не менувајте ги шифрите.

8. Доколку можете да избегнете – не одете во централниот регистер, катастар или суд, не поднесувајте никакви барања и слично.

Предолга листа, нели?

Но сепак има работи кои се пожелни да се прават со ретрограден Меркур. 

  1. Повторливи дејства кои ги сакаме и кои прават да „запре“ времето, во кои не размислуваме за ништо.
  2. Размислувања за минатите грешки и нивно поправање.
  3. Собирање добри идеи преку разговори, книги, дружење, медитација.
  4. Слушање на совети од блиски.
  5. Одмор и релаксација.
  6. Пишување, креирање содржина, планирање, правење стратегија.
  7. Повеќе престој во природа.

Слични објави

Мис Чарна Невзати со нова провокативна фотосесија потврди дека е вистинска кралица на стилот

Еспресо

(Фото) Ова е девојката на Кан Џиновиќ, Мелина не сака да слушне за него, а Харис го советува: „Жените се ловат преку ден“

Еспресо

(Фото) „Ти си воздухот што го дишам“: Џамбо Агушев со романтична приказна за сопругата

msp-admin

Емина Јаховиќ за разводот: „Кога останав сама со децата, сфатив колку е тешко“

Еспресо

(Фото) Миро Кацаров го покажа домот, опуштено со Миа и Тадеј

Еспресо

(Фото) Половина век на сцена – најпознатата лото девојка во Југославија прослави 50 години кариера

Еспресо
Се вчитува....