2.8 C
Скопје
04:07 - 23 ноември, 2024

Што ни подготвија ѕвездите за 26 јуни: Биковите диманични, Близнаците слушаат туѓи мислења, а Стрелците уморни

Овен

Нема да бидете повредени во превирањата што се случуваат околу вас. Згора на тоа, на крајот, кога сè ќе се среди, ви пристигнува интересна понуда. Прифатете ја, бидејќи таа ќе ве води кон нови активности кои долгорочно ќе ви се исплатат. Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.

Бик

Пред вас е ден полн со динамика. Вие сте на работ на издржливоста. Веќе извесно време нешто ви пречи на работа, а не сте во можност да му се спротивставите на тоа. Бидете внимателни, наизглед безопасната, наивна ситуација може да ве натера да направите невиден скандал.

Близнаци

Премногу важност му давате на тоа што некој ќе каже. Во моментов, во центарот на вниманието е лутината на вашиот партнер бидејќи дозволувате други луѓе да влијаат на судбината на вашата врска. Дали е ова патот по кој сакате да одите е прашање на кое одговорот го знаете само вие.

Рак

Романтично сте расположени. Сѐ е во знакот на саканата личност и на вашата врска. Денот е создаден за љубовни средби, излегувања и забава. Оние кои се слободни денес можат да испланираат возбудливо вечерно излегување за време на кое е можно и запознавање со необична личност.

Лав

Некој кој многу ви помогнал во блиското минато повторно е во центарот на вашето внимание. Улогите овојпат се обратни, па имате можност адекватно да се реванширате. Сè уште чувате силни спомени на дното на вашето срце, но сеќавањето на сè што се случило сега може само да ви наштети.

Девица

Се трудите да се претставите посериозно и позрело отколку што навистина сте. Не ги потенцирајте туѓите ставови затоа што тие не потекнуваат од вас, така што нема да можете да ги докажете. Држете се до вашето мислење бидејќи секогаш можете да го браните, дури и тогаш кога не сте во право.

Вага

Атмосферата во вашето работно поле станува неподносливо напната, сугерира дневниот хороскоп. Ова е предизвикано од непријатните вести. Совет би бил да не се придава големо значење на сето ова бидејќи тоа е привремен проблем. Оставете ситуацијата да се смири, вашата позиција, засега, е стабилна.

Скорпија

Оптовареноста со работа може да ескалира во опсесивна „борба со ветерници“. Вашата упорност е доблест, но понекогаш е попаметно да застанете. Им забележувате на луѓето кои фантазираат, а не земате предвид дека ниту вие не сте рационален тип и вашите одлуки често се ирационални.

Стрелец

За вас, ова е ден како и секој друг. Изморени сте од темпото со кое сте притиснати извесно време, а покрај тоа ниту саканата личност не ви е по волја. Не ги обвинувајте другите дека сѐ е оставено на ваш товар, дека сето тоа сте го презеле на себе, па сега е време во тоа и да истраете.

Јарец

Конечно пристигнува позитивна промена на професионалниот план. Разговорите со партнерите овој пат ќе бидат поуспешни од претходно, бидејќи претстојат интересни понуди. На повидок е и помала финансиска добивка, но внимавајте со тоа бидејќи следува и трошок. Рационално трошете ги парите.

Водолија

Самодовербата е во пораст, поради што на соработниците не им е лесно да бидат во чекор со вас. Вашата директност не е пријатна за околината, но вам ви е корисна. Слушајте ја својата интуиција, една навидум банална идеја може да биде добиток за вас. Игнорирајте ги злонамерните погледи и озборувања.

Риба

Доколку барате работа, денот носи интересна прилика во која ќе се отвори можност за прифатливо решение. Бидете отворени за сите предлози, една необична понуда би можела да биде многу важна бидејќи ви носи значителни придобивки на долг рок. Кренете ја главата и тргнете во акција.

Слични објави

Хороскоп за 22 ноември: Овните ќе ги гризе љубомора, Скорпиите ќе бидат под притисок поради финансиите

Еспресо

Хороскоп за 21 ноември: Близнаците ќе имаат одлична заработувачка

Еспресо

Хороскоп за 20 ноември: Биковите ќе запознаат интересна личност, на Вагите сè ќе им оди од рака

Еспресо

Хороскоп за 19 ноември: Стрелците ќе имаат проблем со љубоморен партнер, Овните ќе имаат соработка со странство

Еспресо

Хороскоп за 18 ноември: Раковите ќе живеат од љубов, Лавовите ќе бидат пофалени на работа

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Овните ќе имаат интригантна љубовна ситуација, Скорпиите да внимаваат на некои документи

Еспресо
Се вчитува....