12.8 C
Скопје
13:25 - 18 декември, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 17 МАРТ: Овните под стрес, Биковите поставуваат високи цели, а Раковите пред неочекувана деловна понуда!

дневен хороскоп

Овен

Стресот на работното место може да ви го наруши внатрешниот мир. Но, истовремено ќе имате и бројни нови идеи кои ќе ви донесат полза во работењето. За вас, ова е сезона на романсата. Сепак, внимателно – држете ги чувствата под контрола за да не дојде до недоразбирање во вашата врска. Некои Овни кои се во брак ќе имаат проблеми во односот со својот партнер поради мешање на други луѓе. Нема потреба да се грижите за вашето здравје денес.

Бик

Денес ќе ги поставите своите професионални цели на повисоко ниво. Сепак, не се обесхрабрувајте ако не ги добиете резултатите кои ги посакувате. Внимавајте на оние луѓе кои намерно ви даваат погрешни информации за да ве однесат на погрешен пат. Вашиот партнер очекува доверба и одредени ветувања од ваша страна. Бремените Бикови треба посебно да внимаваат додека се движат. Доколку е возможно, одбегнувајте да бидете во близина на луѓе кои пушат – може негативно да влијае врз вашето неродено бебе.

Близнаци

Денес е ваш среќен ден кога станува збор за финансиите – ќе имате финансиски придобивки од неколку извори. Блиски членови на вашето семејство ќе ви споделат нови идеи за финансиски напредок. Вашето грубо однесување може да го „извалка“ односот со вашиот партнер. Затоа пред да постапите на одреден начин, размислете за последиците. Ако е возможно, одете некаде каде што расположението ќе ви стане подобро. Можеби ќе се чувствувате депресивно поради семејната ситуација.

Рак

Некои од Раковите ќе добијат неочекувана деловна понуда за работа во странство. Но, внимавајте на вашите зборови и постапки за време на работното време бидејќи многу е веројатно дека ќе имате недоразбирање со вашите претпоставени. Сепак, ова ќе биде весел ден за Раковите, исполнет со многу смеење. Ќе потрошите малку повеќе на саканите, но и вие ќе добиете подароци. Ќе имате чувство дека вашиот партнер никогаш не бил подобар со вас.

Лав

Денес ќе бидете свесни за вашите предности и маани на работното место. Но, вашата способност бргу да се справите со проблемите ќе ве извади од несакани ситуации. Направете баланс меѓу кариерата и времето поминато со вашите блиски. Ќе бидете многу блиски со вашиот партнер и можеби ќе добиете специјален подарок од него.

Девица

Можеби ќе добиете финансии од извор за кој не сте размислувале досега. Ќе ве разочара тоа што нема да ја има посакуваната соработка на работното место. Внимавајте да не издадете некоја информација која ви била кажана во доверба. Денес ќе имате чувство дека животот во брак ве прави многу среќни. На крајот од денот ќе ве преплават чувства, но ќе преовладуваат оние убавите.

Вага

Не дозволувајте вознемиреноста пред испит да ве измести од колосек. Мора да бидете свесни дека вашиот труд ќе вроди плод. Не дозволувајте семејната тензија да ја наруши вашата концентрација. Обидете се да ги контролирате вашите чувства, особено гневот. Лошото здравје на вашиот партнер, исто така, ќе влијае на вашата работа, но ќе успеете успешно да ги завршите вашите обврски.

Скорпија

Некои од вашите колеги нема да бидат задоволни од вашиот начин на работа, но нема да го споделат своето мислење со вас. Ако приметите дека нештата не одат според вашиот план, анализирајте ги вашите планови и подобрете ги таму каде што има простор. Избегнувајте дискусии на теми кои може да доведат до кавга со вашите блиски. Контролирајте го вашето каприциозно однесување бидејќи може да влијае врз односите со пријателите. Периодов е тежок за вашиот љубовен живот.

Стрелец

Денес одбегнувајте нови деловни зделки бидејќи вашите партнери ќе се обидат да ве искористат. Ако долго време ви недостасува внимание и љубов од партнерот, денес конечно ќе го добиете. Не се сомневајте во искреноста на вашиот партнер. Внимавајте на здравјето на вашите родители бидејќи тоа може да се влоши. Најдобро ќе биде веднаш да се посоветувате со лекар.

Јарец

Денес самодовербата ќе ви биде на високо ниво и ќе имате чувство дека сѐ можете да постигнете. Но, ако сте под голем стрес на работа, поминете повеќе време со вашите деца. Нивната прегратка и невина насмевка ќе направи да се чувствувате поубаво. Членовите на вашето семејство негативно ќе влијаат врз вашиот брак, но ќе успеете да се справите со овој проблем.

Водолија

Инвестициите поврзани со недвижнини ќе ви дадат убав поврат. Ако член на вашето семејство ви создава стрес, поставете граница во односот пред ситуацијата да излезе надвор од контрола. Ќе влезете во љубовна приказна која ќе биде кратка, но слатка. Можеби е време да откриете некој свој скриен талент и да му се посветите.

Риби

Бидете многу внимателни со банкарските трансакции. Ќе добиете голема поддршка од своите колеги во своите деловни замисли. Зголемените домашни задачи и финансиските проблеми ќе влијаат врз односот со вашиот партнер. Ова е еден од најтешките денови за Раковите кои се во брак. Ако патувате денес, внимавајте на своите лични работи. Избегнувајте прејадување и пиење алкохол.

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....