8.8 C
Скопје
23:00 - 28 март, 2025

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 11. ЈАНУАРИ: Убави вести за Водолиите, интересни средби за Стрелците, среќен ден за Вагите

дневен хороскоп

ОВЕН

Неповолната Месечина може да ви создаде некои неуспеси на љубовен план. Сепак, некои убави изненадувања би можеле да пристигнат на работното место. Внимавајте на конфликт со колегите. Здравје – стрес.

БИК

За вашиот знак продолжува периодот на голем замор и физички и психички, поради спротивставувањето на планетата Марс. Работната средина ќе ви предизвика малку поголем стрес. Бидете трпеливи: до крајот на месецот планетата Јупитер конечно ќе биде активна во ваша корист и работите ќе тргнат на многу подобро! Здравје – добро.

БЛИЗНАЦИ

Противењето на Меркур носи забавување на полето на работа: проектот што го имавте на ум или предлогот што го дадовте нема да добие веднаш повратен позитивен одговор, туку ќе мора да почекате. Во меѓувреме, се е фокусирано на љубовта. Пазете се од нервози.

РАК

Ова е многу тежок ден, во кој месечината во опозиција ќе ве натера да се чувствувате омаловажено… Ќе има и дискусии со партнерот, поради противењето на Венера. Контроирајте ја енергијата и внимавајте да не избувнете, за што ќе зажалите. Здравје – неопходен ви е одмор.

ЛАВ

Чувствувате голем замор и стрес, особено на работното место. Поопуштено ќе се чувствувате по работното време, а можен е интересен повик во доцните часови кои ќе ве разнежни. Здравје – одлично.

ДЕВИЦА

Во преден план ќе ви биде пред се работното место кое ќе ви донесе тежок период  поради Меркур во неповолна положба, што ќе создаде блокади и непријатности во канцеларија. Особено внимавајте на денешниот ден, кога Месечината ќе создаде дополнителни пречки. Сепак, сè е добро од сентиментална гледна точка. Здравје – добро.

ВАГА

Денов ќе биде многу среќен од работна гледна точка, а помалку од сентиментална. Во канцеларијата ќе бидете заштитени од Јупитер и Меркур, подготвени да ви дадат добри понуди и нови можности. Венера е во неповолна положба, ги акцентира конфликтите со партнерот. Здравје – ви треба прошетка во природа.

ШКОРПИЈА

Противењето на планетата Марс ве прави да се чувствувате особено нервозни и уморни: нема да биде тешко денес да ги загубите нервите за некоја ситница… За среќа можете да сметате на прекрасната Венера, подготвена да ви даде поддршка и љубов кон некој посебен. Здравје – чувајте се од настинки.

СТРЕЛЕЦ

Меркур сјае високо во вашиот знак и е подготвена да ви даде нови можности за искористување: би можеле да имате интересна средба или да добиете признанија на работното поле. Некои незгоди, сепак, со домашните. Здравјето ви е одлично.

ЈАРЕЦ

Денес ѕвездите ви носат моменти на голема страст и романса! Паровите во овој период се посилни од било кога, па дури и на работното место ќе има убави изненадувања. Внимавајте, сепак, на малку нервозниот почеток на денот кога нешто може да ве извади од колосек.

ВОДОЛИЈА

На полето на работа, доаѓаат интересни вести, а можеби и убави финансии. Неповолниот Марс, сепак, ќе направи да се чувствувате малку поуморно. Вечерта, со прекрасната месечина, посветете ја на релаксација со саканото лице.

РИБИ

Јупитер ви гарантира долгорочниот успех на сите полиња. Неговата енергија веќе полека ја чувствувате на работното мето, каде ви се отвараат нови проекти. Во љубовта зрачите со шарм и привлекувате нови, интересни, позитивни личности. Здравје – одлично.

Слични објави

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Еспресо
Се вчитува....