14:47 - 19 април, 2024

ПРОЛЕТЕН ЉУБОВЕН ХОРОСКОП 2022: Највљубени-Водолиите, разочарување за Девиците, флертови за Раковите…

љубов

Некои хороскопски знаци ќе имаат повеќе среќа во љубовта, а други помалку, за трети пак, ѕвезденото небо ќе им донесе разочарување. А вие, во кој знак сте родени? 

Во пролетта 2022 година на љубовен план Водолиите ќе бидат апсолутно главни протагонисти, благодарение на присуството на Венера во ова соѕвездие; додека Јарецот ќе мора да биде многу внимателен.

Следува хороскопската прогноза за пролетта, знак по знак.

Водолија: според хороскопот ќе имате убав период. Ако сте во врска, со партнерот ќе планирате нови проекти, селидба, живеење заедно, проширување на семејството или склучување брак. Ако сте „соло“ успешно ќе тргнете во освојување на нови хоризонти, дури и неистражени, а резултатите и тоа како ќе ви се допаднат. Венера во вашето соѕвездие ќе ви даде многу романса и бодрост која во последно време ви недостасува во врските поради некој надворешен фактор што ве ставаше, до сега, постојано под стрес. Оценка: 9

Овен: Венера во соѕвездието на Водолија на почетокот на пролетта ќе ве наведе да посакате љубовна врска доколку сте сингл или поголемо разбирање со партнерот. Сепак, овој притисок ќе биде позитивен и ќе ве тестира, бидејќи ќе треба да донесете важна одлука – да почнете да живеете со саканата личност или да му приредите убаво изненадување на партнерот. Оценка: 8

Вага: со Венера во соѕвездието на Водолија пред вас е многу романтичен период во контекст на љубовта. Ќе сакате да се вљубите и да доживеете нови ситуации, можеби со личноста со која би сакале да исплетете нова приказна. Според хороскопот, ќе мора да внимавате на месецот мај, кој е дефинитивно негативен доколку сакате да забрзате во љубовта. Оценка 7

Рак: ќе имате голема желба да се заљубите и да доживеете нови сензации, особено ако сте сингл. Месецот април особено ќе биде месец на пресвртница, на страст и смелост, но ќе се исплати – зашто новата љубовна приказна е предодредена да трае, додека авнтурите ќе бидат незаборавни. Оценка: 7

Стрелец: среќата на Јупитер оваа сезона може да ги фаворизира средбите и изгледите за многу блиски односи, додека најсреќни пролетни месеци за љубов се март и мај. Проектите во пар што и двајцата ги имате на ум би можеле конечно да се реализираа. Оценка: 7

Близнаци: Оваа пролет 2022 година можеби нема многу позитивни вести во љубовта, но  подобрување во сентименталните и пошироките семејни односи ќе се почувствуваат почнувајќи од втората половина на сезоната. Според хороскопот, всушност, можеби сепак сакате да и дадете нов живот на вашата љубовна приказна и покрај тоа што не можете да ја притиснете педалата за гас. Оценка: 6

Јарец: ќе имате многу шанси да се заљубите доколку сакате да започнете нова љубовна врска, бидејќи според хороскопот условите ќе бидат тука, особено ако сте долго време сингл. Но, ќе треба многу да „работите“ на еден аспект за кој многу малку се грижите, аспект што треба да ве наведе малку повеќе да се изразите. Треба да обрнете внимание и на падот на самодовербата што може да се случи до крајот на пролетната сезона. Оценка: 5

Бик: нема да има посебни случувања во вашата љубовна приказна, но со среќата на Јупитер ќе можете да се справите со проблемите што ги носите веќе долго време. Според хороскопот, ќе можете да донесете многу цврста и храбра одлука, а ако сте во врска дури и да раскинете со партнерот/ка. Оценка: 5

Шкорпија: обидот да се поттикне динамиката во врската може да биде многу контрапродуктивен, особено ако веќе е во криза. Претпазливоста би можела да биде носител на подобри можности, бидејќи Марс во соѕвездието Риби би можел да ви даде единствена страст која ќе ви овозможи да започнете врска, иако мора да бидете постојано будни, бидејќи приказната не мора да трае долго. Оценка: 5

Риби: ќе имате прилично тивка пролет, според хороскопот. Ако имате разочарување од страна на вашиот партнер, изненадувачки ќе можете да ги сфатите работите на филозофски начин, без да бидете особено огорчени. Новите запознавања може да ви донесат многу пријателства, но ништо што може да еволуира во љубовна врска која може да трае долго. Оценка: 6

Лав: Пролетта за вашиот хороскопски знак може да изгледа прилично монотоно и здодевно. Нема да има вести на сентиментален план, исто како што нема да има промени во вашата веќе постоечка љубовна врска. Во врската би можеле дури и да се појават проблеми кои веројатно останале „под тепихот“веќе долго време. Оценка: 4

Девица: за жал ќе го имате Јупитер во опозиција, па љубовните врски во моментов не треба да се допираат, бидејќи ризикувате одредена штета. Според хороскопот, во врските ќе следи турбулентен период, по што ќе следи разделба, можеби и конечна. Сепак, ова може да укаже на нов почеток од сентиментална гледна точка, но и нови убави емоции, дури и ако треба малку да почекате. Ќе можете да излезете од спиралата на тага до крајот на сезоната. Оценка: 4

Слични објави

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо
Се вчитува....