23:44 - 7 ноември, 2026

ПОСЛЕДНИОТ РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР ГОДИНАВА: После 26-ти септември ништо нема да биде исто

меркур

Слушајте што шепоти вашиот внатрешен глас!

Последниот ретрограден Меркур во 2021 година нè очекува на 26 септември 2021 година и ќе трае до 18 октомври. Ќе биде стациониран во воздушниот знак Вага и ќе има најголемо влијание врз нашата комуникација, знаење и примање информации. Кога Меркур ќе влезе во ретроградна фаза, ќе имаме вкупно 6 ретроградни планети истовремено, така што можеме да очекуваме силен бран на енергија што ќе ја промени нашата судбина.

Ретроградниот Меркур е аспект што има најлоша репутација

Секогаш кога ќе се појави ја „замрсува работата“. Тој ни ги одложува плановите, склони сме да правиме грешки, да губиме работи, а можни се и разни дефекти во домот бидејќи неговата мотивација е да се запознаеме себеси подобро, да го откриеме нашето внатрешно јас и да се поврземе со нашиот потсвесен ум.

Овој пат ретроградниот Меркур е во Вага, што значи дека е важно да се фокусирате на партнерството и љубовната врска.

Ќе се промени начинот на кој комуницираме со луѓето и тука може да настанат проблеми и конфликти. Треба да поставите одредени граници во комуникацијата, но внимавајте и што зборувате, бидејќи секој збор може да биде оружје.

За време на ретроградната фаза на Меркур, исто така треба подетално да ги разгледувате вашите соништа. Нашите соништа се портал за потсвеста, а Меркур може да остави пораки во соништата.

Многу работи во нашите животи значително ќе забават и можеби ќе треба да направиме неколку чекори назад за да можеме воопшто да одиме напред. Учете од вашите минати грешки бидејќи искуството може да ве заштити од нови предизвици и проблеми. Многумина ќе се осврнат на теми кои беа клучни за нив во јуни оваа година.

Нашата интуиција ќе биде зголемена, така што сè што ќе започнете – направете го од срце.

извор: „sensa.mondo“

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....