07:31 - 10 ноември, 2026

Овие хороскопски знаци во април најмногу ЌЕ УЖИВААТ ВО ЉУБОВТА!

љубов

Го дотроѓуваме месецот март и за осум дена влегуваме во април, месец создаден за љубовни соништа и авантури. Кога природата се буди се буди љубовта, а кај некои хороскопски знаци таа буквално ќе расцвета.

Потоплите денови ќе донесат врела пролет во животите на овие пет хороскопски знаци:

БИК

Во текот на април ќе запознавате луѓе кои ќе го подигнуваат вашиот морал и ќе ве поттикнуваат на креативност. Ова ќе биде одлично време за да сфатите колку е всушност големо вашето срце. Колку повеќе време посветите на љубовта, толку поубаво ќе ви биде.

РАК

Оваа година ви донесе многу нови нешта и пресврти во ваша корист. Интуицијата многу ќе ви помогне на полето на романтиката, а тоа ќе ве инспирира да бидете попосветени на љубовта. Бидете јасни во врска со вашите потреби, вреднувајте се себе и проценете кого вреди да задржите.

ЛАВ

Што навистина сакате? Свесни сте дека веќе не ви се вложува во врски од кои не излегува ништо корисно, но не дозволувајте ниту егото да надвладее. Силни сте, но и многу горди. Контролирајте ја оваа ваша страна и загарантирано ќе имате прекрасна љубовна пролет.

СТРЕЛЕЦ

Подготвени сте за нови, нестандардни нешта, па дури и за одредени жртви кога се во прашање љубовта и сексот. Повремено ќе се чувствувате несигурно и параноично, но со вистинската личност покрај себе многу лесно ќе го преживеете овој период. Дајте ѝ предност на љубовта.

ВОДОЛИЈА

Ви се чини дека не сте расположени за флерт и нови контакти и тоа е сосема во ред. Но, сосема непланирано ќе се случи покрај вас да се најде личност која ќе ве исполнува во секој можен аспект. Контролирајте го своето его, тоа е единственото кое може да ги расипе прекрасните прилики во претстојниот месец април.

ХОРОСКОП ЗА ПРОЛЕТ 2022: Што ве чека во кариерата и финансиите? Еве кои хороскопски знаци се на врвот на листата, а кои на дното

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....