14.8 C
Скопје
01:43 - 2 мај, 2024

ХОРОСКОП ЗА ПРОЛЕТ 2022: Што ве чека во кариерата и финансиите? Еве кои хороскопски знаци се на врвот на листата, а кои на дното

Пролетта е пред нас, но за некои хороскопски знаци ќе биде посреќна на деловен и финансиски план од други хороскопски знаци.

Прочитајте на кое место сте вие.

1. место – Стрелец

Првото место им припаѓа на Стрелците. За вас ова е одличен период што претстои, ќе биде исполнет со успех благодарение на Јупитер кој не само што ќе ви донесе среќа, туку ќе ви даде многу можности за да остварите профит. Едноставно, се што ќе почнете на деловен план пријатно ќе го почувствувате во паричникот.

2. место – Рак

Присуството на Јупитер во соѕвездието Риби ќе биде поволно и за вашиот знак, бидејќи сте дел од истиот елемент. Така, ќе можете да го подготвите теренот во првиот дел од пролетта и да ги соберете резултатите во текот на последните недели од сезоната. Продолжете така, на вистински пат сте!

3. место Риби

Пролетниот период за вас ќе биде позитивен и среќен главно во однос на заработката и можноста за напредок во кариерата. Ќе имате одлична концентрација и лесно ќе ги извршувате проектите. Ќе имате и неверојатна желба да се вклучите во се, па можно е да работите на повеќе места истовремено.

4. место Бик

Среќата на Јупитер за вас суштински ќе се сконцентрира во месец мај, затоа, до максимум искористете го овој период кој може да ви донесе многу новости и на професионален план. Јупитер ќе ви донесе среќа и за создавање ново, искрено партнерство, затоа држете ги очите ширум отворени и не одбивајте нови проекти. Што се однесува до парите, ќе имате доволно, онолку колку што сте сработиле.

5.место Водолија

Јупитер ќе ви донесе среќа во бизнисот односно на работното место, особено ако веднаш дејствувате. Ефектите што ќе ги почувствувате главно ќе се однесуваат на зголемување на желбата за соработка со професионален тим кој ќе ви донесе големо задоволство, а материјалното задоволство пак, ќе стигне малку подоцна, кон самиот крај на пролетта.

6. место Близнаци

Пред вас е убава пролет, бидејќи енергиите што ќе ги добиете од планетата Марс ќе ви го дадат потребнното „полнење“ за секогаш да бидете на врвот, полни со енергија, но сепак, среќата нема да ви биде многу наклонета на другите полиња. Дефинирање на целите во овој период ќе биде одлична отскочна даска за иднината.

7.место Јарец

Нема да ја имате планетата на големата среќа Јупитер на ваша страна, па може да се најдете во непријатна ситуација на работното место во првиот дел од пролетната сезона. Ситуацијата ќе почне сама од себе да се решава со текот на неделите, а конечно ќе се реши до крајот на пролетта. Што се однесува до парите пак, внимавајте да не влезете во погрешен проект, или да не потрошите премногу на непотребен луксуз.

8.место Шкорпија

Оваа пролет за вашиот знак би можела да биде здодевна, понекогаш и тешка, секако без новости, па така не планирајте ништо ново во однос на работата. Довршете ги само оние проекти кои веќе се при крај, со нив ќе заработите многу повеќе отколку што можевте да очекувате.

9.место Овен

Вашиот главен проблем во пролетната сезона во суштина ќе се состои во тоа што нема да имате многу енергија за да ги реализирате вашите проекти. Ќе се чувствувате уморни, а тоа пак, ќе ви предизвика и лошо расположене, иако реална причина нема да имате за тоа. Но воздржете се, летото е ваша сезона. До тогаш, сите проекти ќе се одвиваат бавно.

10. место Лав

Среќата нема да ве следи на завидно ниво, но сепак ќе го имате она што е потребно за да можете да се сметате себеси за среќни. Ќе имате многу поголема динамика во реализирање на работните обврски, но за жал, засега, нема да бидете многу задоволни од заработката. Кариерата пак, може да остане во застој уште некое време.

11.место Вага

Пролетта за вашиот знак, за жал, ќе биде носител на проблеми на работното место, ќе наидувате на пречки за вашите проекти и за решавање на некои проблеми поврзани со заработувачката. Советот од ѕвездите е да го подготвите теренот во првите недели од пролетта за да не дојде до ситуација која може да биде неодржлива.

12.место Девица

Ќе мора да бидете внимателни на работа, да не претерувате со идеи и да не се залетувате за да си го сочувате работното место. Марс е во опозиција на вашиот знак во поголемиот дел од пролетниот временски период, затоа избегнувајте го стресот и немојте да делувате премногу импулсивно, бидејќи среќата можеби нема да ви помогне во време кога планетарните позиции не се оптимални. И од финансиска гледна точка, ова не е баш најсреќна пролет за вашиот знак.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....