16.8 C
Скопје
22:27 - 12 септември, 2026

Има освоено 22 Греми награди, но годинава КАНЈЕ ВЕСТ Е ИСКЛУЧЕН: Ја изгуби можноста за уште 5 награди, еве зошто!

Канје Вест e официјално забранет како изведувач на Греми наградите во 2022 година.

Планираниот настап на Канје Вест на Греми 2022 нема да се случи. Раперот доби забрана за настап на настанот кој се одржува следниот месец поради неговото „однесување“ на Интернет.

Одлуката, исто така потврдена од веб-страницата Variety, дојде еден ден откако Вест, сега познат како Је, беше суспендиран од Инстаграм на 24 часа. Платформата тврдеше дека содржината на профилот на 44-годишниот Вест ги прекршила нејзините политики за „говор на омраза, малтретирање и вознемирување“. Но, што се случи? Тревор Ноа, комичар и водител на Дејли шоу, ги критикуваше објавите на Вест за неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Вест му одговори на Тревор користејќи расна навреда. Објавата потоа беше избришана, а профилот на Канје Вест на Инстаграм беше суспендиран на 24 часа.

Раперот, во својата кариера, има освоено 22 Греми од 75 номинации и оваа година повторно е во можност да добие пет награди. Но, тој повеќе не е на списокот на објавени уметници.

Во последните недели Канје Вест беше во центарот на бројни контроверзи кои се појавија по разводот со Ким Кардашијан. Вест објави бројни навредливи пораки за Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон, кој сега е во врска со мајката на четирите деца, односно со поранешната сопруга на Вест.

„Навистина сум загрижен дека [тој] ќе ја навлече мајката на моите деца на дрога. Тој е на рехабилитација на секои 2 месеци“, ова е една од бројните навредливи објави на Вест.

Неодамна, Канје објави дири и видео за Пит Дејвидсон кадешто тој е претставен како е киднапиран и врзан.

Слични објави

Хаос во семејниот дом на Адам Адактар — позната сосетка од Чачак откри што се случувало во нивното минато

Е.А.

„Имав 22 години кога ја прекинав бременоста“ — Лепа Лукиќ откри дали била бремена од Тома Здравковиќ

Е.А.

„Да ми умреше синот, веднаш ќе си пресудев“: Нада Топчагиќ низ солзи за најтешкиот период во животот

Еспресо

(Фото) Ѝ пееше Наташа Беквалац, а таа блескаше во сино — Елена Ѓорговска го прослави роденденот во Белград

Еспресо

Вук Моб по раскинувањето на свршувачката најде нова девојка: „Таа е прекрасна личност!“

Еспресо

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо
Се вчитува....