12.8 C
Скопје
00:19 - 16 мај, 2024

Неделен хороскоп (18 до 24 септември): Љубов за Лавовите, нови насоки за Девиците, неочекувани настани за Рибите…

ОВЕН: КАКОВ СТРЕС!
Опозицијата на Марс продолжува да ве прави да се чувствувате уморни, под стрес и нерасположени… Внимавајте да не се лутите премногу за прашања (или луѓе) кои не го заслужуваат тоа! Целете кон четврток и петок, кога на ваша страна ќе имате убава поволна Месечина. Нервозни, денови ќе има за викендот, кога неповолниот транзит на Месечината може да донесе тензија во семејството… Венера ја штити вашата врска.

БИК: ТЕЖОК ПОЧЕТОК
Вашата недела за жал започнува со три прилично тешки денови, во кои ќе треба да се справите со Месечина во опозиција… Тензиите ќе бидат силни особено во делот на чувствата: Венера во неповолна положба носи кавги и дискусии во вашиот љубовен живот. Професионалната сфера е посреќна, заштитена со поволните Меркур и Јупитер: нема да недостасуваат добри вести!

БЛИЗНАЦИ: ТЕНЗИИ НА РАБОТА…
Оваа недела ќе мора да се однесувате со претпазливост, особено во канцеларија… Меркур во неповолна положба внесува контрасти и конфликти во вашиот професионален живот, додека спротивставувањето на Месечината во четврток и петок би можело да ве направи особено нервозни. Дефинитивно подобро ќе биде од сентиментална гледна точка: Венера во знакот Лав продолжува да ви дава љубов или, ако сте слободни, многу, многу страст!

РАК: ОДЛИЧНО НА РАБОТА!
Оваа недела нема да недостигаат големи задоволства, особено на работното место. Всушност, можете да сметате на убав поволен Меркур и среќна Месечина во понеделник, вторник и среда. Месечината во опозиција, сепак ќе биде во сабота и недела, кога би можеле да доживеете моменти на напнатост со партнерот или во семејството… Марс во неповолна положба прави да се чувствувате малку уморни и со малку енергија.

ЛАВ: СРЕЌА ВО ЉУБОВТА!
Неделата за вас се отвора со три по малку напнати денови, во кои Месечината во неповолна положба и би можела да донесе некои падови… Не грижете се, меѓу четврток и петок сè ќе се врати на своето место! Венера, се уште го поддржува вашиот знак, и продолжува да ви носи среќа во љубовта, давајќи ви го целото внимание и страст што ви е потребно… За слободните Лавови централниот дел од неделата би можел да донесе убави средби.

ДЕВИЦА: КОН НАЈДОБРОТО!
Ова е прилично возбудлив момент за вашиот знак, кој може да смета на живата конјукција на Меркур, подготвен да ви даде нови контакти, можности, идеи… Не плашете се да гледате во нови насоки! Опозицијата на Сатурн сигурно не ги олеснува чекорите и изборот, но се ќе биде во прилог на вашиот личен раст. Среќни денови: понеделник, вторник и среда.

ВАГА: СО ЕНЕРГИЈАТА НА МАРС!
Марс продолжува да ви дава голема сила и решителност. На работа конечно ќе можете повторно да најдете насмевка и добар хумор, по прилично тежок прв дел од годината… Дури и во делот на чувствата, среќата ќе биде на ваша страна: планетата Венера, всушност , го штити вашиот живот во емотивната сфера и ви дава многу, многу страст. Поволни месечеви денови: четврток и петок.

СКОРПИЈА: СО МЕСЕЧИНАТА ВО ЗНАКОТ!
Вашата недела започнува одлично, со три дена под заштита на среќна Месечина. Среќата ќе биде на ваша страна и пред се полето на работа ќе ви донесе големо задоволство… Планетата Меркур е подготвена да ви даде нови можности и средби за паметење. Планетата Венера, сепак, продолжува да биде во неповолна положба, а во љубовта ќе има уште некоја тензија, особено во централниот дел од неделата.

СТРЕЛЕЦ: ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА!
И оваа недела вашето небо се потврдува како поволно за љубов и чувства! Венера во знакот „пријател“ Лав ви носи многу страст и на самците им овозможува средби кои се предодредени да траат. Најсреќните денови од оваа гледна точка ќе бидат четврток и петок, кога може да сметате и на прекрасната Месечина. На работа, сепак, се очекуваат некои падови…

ЈАРЕЦ: КОН ФИНИШТА!
Небото ви ветува добри одговори и добри резултати, но – како што често се случува со вашиот знак – ќе мора да се помачите за да ги заработите… Марс во неповолна положба прави да се чувствувате уморни и под стрес, но Меркур и Јупитер – и двајцата активни во ваша корист – подготвени се да ви подадат рака и да ви ги дадат можностите или одговорите што ги чекавте. Сабота и недела ќе бидат два супер среќни денови, со Месечината во знакот!

ВОДОЛИЈА: СТИСНЕТЕ ЗАБИ!
Љубовната болка за вашиот знак продолжува, поради долгото спротивставување на планетата Венера… стегнете заби, работите наскоро ќе се сменат! Во меѓувреме, искористете го овој кризен момент за да се фокусирате на тоа што навистина сакате од вашиот љубовен живот и каква личност сакате покрај себе. На работа не ви недостасува решителност: ако треба да потпишете договор, фокусирајте се на среќните денови – четврток и петок!

РИБИ: СО ПОМОШ НА МЕСЕЧИНАТА…
Драги Риби, не е лесно време кога е работата во прашање. Спротивставувањето на Меркур продолжува да носи конфликти и разлики во мислењата меѓу вас и вашите шефови или колеги… Нема да биде секогаш лесно да ги потврдите вашите идеи! Искористете го првиот дел од неделата, кога ќе ја имате Месечината во ваша корист… Четврток и петок пак, би можеле да бидат денови полни со неочекувани настани! Среќна и романтична Месечина во сабота и недела.

Среќници на викендот: Два хороскопски знаци ќе бидат на седмо небо од среќа

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ со радосна вест: „Луѓе, успеавме! Сега, одиме понатаму!“

еспресо

Луна му прости сè на Марко: По драмата со соседите, Ѓогани објави нова фотографија

Еспресо

Почина Вики Икономова, сопругата на пејачот на „Меморија“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ објави фотографија од свадбата со трогателни зборови, а тој не го трга погледот од неа

Еспресо

(Видео) Уметнички дела од 15 век, луксузен мебел: Ова е станот во кој Миша Гроф не ѝ дозволува на Николина Пишек да влезе

Еспресо

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

еспресо
Се вчитува....