11.8 C
Скопје
14:29 - 17 ноември, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (10.-16.јануари 2022): Многу љубов за Јарците, Рибите и Скорпиите, двоумења за Вагите, убави вести за Водолиите!

неделен хороскоп

Планетата Венера го продолжува својот долг транзит во знакот Јарец, носејќи им среќа во љубовта на Девиците и Биковите, додека за Раковите нема да биде лесна недела… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: внимавајте да не се „истурите“ на партнерот

Вашата недела започнува со супермесечина, подготвена да ви приреди интересна средба или да ви донесе добра вест. Среќна Месечина имате дури и во четврток, петок и сабота, додека во недела може да се чувствувате малку нервозни и несоодветно расположени. Внимавајте да не ги „растоварате“ тензиите врз партнерот: Венера во неповолна положба и не ви помага во дијалогот со партнерот и води до жестоки дискусии и кавги.

Бик: бидете трпеливи

Оваа недела можете да сметате на прекрасна Месечина во вторник и среда, која ќе се покаже како особено романтична. Убавата Венера во Јарец ќе ви донесе повеќе моменти за паметење! На работа, сепак, можеби ќе треба да почекате уште неколку недели пред конечно да се препознаат вашите напори: Меркур во неповолна положба создава забавувања или блокирања.

Близнаци: размислете внимателно

Во овој период секако не недостигаат вести и среќни средби, загарантирани со поволниот транзит на Меркур. Но, внимавајте рационално да го оцените секој предлог пред да се вклучите во нов проект: Јупитер во неповолна положба може да ви донесе непријатни изненадувања… Марс во опозиција ве прави да се чувствувате особено уморни, и психички и физички. Утешете се со добра релаксација или одлична храна.

Рак: Внимавајте на понеделник!

Спротивставувањето на Венера не ви дава одмор. А згора на тоа, се што е поврзано со вашиот љубовен живот, во многу нешта зависи и од расположението на вашиот партнер. Најнапнат ден ќе биде понеделник, со Месечината во неповолна положба што ќе ја нагласи вашата нервоза. Најдобриот ден, сепак, ќе биде недела, со убава среќна Месечина која ќе ви искреира прекрасни мигови. На работа, конечно, нешто почнува да се движи на вистинскиот пат …

Лав: Месечината се грижи за вас!

Во овој период тешко е вашиот знак да може да се наметне, особено на работното место, каде – и покрај сите ваши жртви – не ги гледате вашите напори доволно препознаени. Бидете трпеливи, наскоро Меркур повеќе нема да биде во опозиција и ситуацијата на работното место ќе стане многу поубава од оваа. Во меѓувреме, се е фокусирано на среќните месечеви денови- понеделник, четврток и петок. Денови за релаксација: вторник и среда.

Девица: каков умор!

Оваа недела може да се чувствувате малку поуморно поради неповолниот транзит на Марс, кој ви ја одзема енергијата… Најсреќни ќе бидат деновите вторник, среда и недела, кога ќе имате прекрасна Месечина на вашиот страна. Денови „не“ се – четврток, петок и сабота. Планетата Венера продолжува да ви се насмевнува, внесувајќи среќа и хармонија во вашиот љубовен живот.

Вага: Дали сте сигурни дека тоа е вистинската личност?

Вашата недела започнува со тежок и нервозен понеделник со Месечина во опозиција. Но, не грижете се, опоравувањето ќе дојде во среќните денови четврток, петок и сабота, кога може да има некои убави изненадувања особено на работно поле. Венера, од своја страна, создава уште неколку конфликти во вашиот љубовен живот… , па ќе дојде мигот кога ќе се запрашате дали сте со вистинската личност за вас?

Скорпија: Венера се грижи за вашата љубов!

Оваа недела ќе треба да издржите два месечеви денови во опозиција, вторник и среда, кога нешто можеби нема да оди како што сте планирале… Уште некои потешкотии ќе се појават и на работен план, поради Меркур во неповолна положба (што создава забавувања и неодлучности) кои ќе мора да ги надминете овие денови. За среќа, Венера ќе се погрижи да ве расположи, дарувајќи ви викенд полн со страст.

Стрелец: Одличен почеток на неделата!

Вашата недела започнува со убав понеделник со среќна Месечина, во кој пред сè ќе се фаворизираат деловните состаноци, но и љубовните средби: Меркур ве прави особено шармантни и разговорливи и ви помага да најдете нови контакти и можности. Внимавајте, сепак, во четврток, петок и сабота, кога месечината ќе биде во опозиција на вашиот знак и може да се чувствувате особено нервозни и нерасположени.

Јарец: да живее љубовта!

Уште една недела посветена на љубовта и чувствата, со прекрасна Венера на ваша страна до месец март! Во вашата врска се оди добро, додека за слободните средбата на животот би можела да биде зад аголот… Особено среќни денови, со убава поволна Месечина, ќе бидат вторник и среда.

Водолија: интересни вести

Конјукцијата на Меркур не престанува да ви носи големо задоволство, особено на полето на работа: ве очекуваат интересни вести во понеделник, четврток и петок, кога на ваша страна ќе ја имате и среќната Месечина. Месечината е во неповолна положба, пак, во вторник и среда, кога би можело да дојде до некои неуспеси или нервози. Поволниот Марс ви дава сила и енергија.

Риби: Венера е на ваша страна!

Среќна недела од гледна точка на чувствата: убавата Венера во знакот Јарец дава цврстина и хармонија на вашата врска. За слободните се очекуваат интересни средби, особено во вторник, среда и недела, кога на ваша страна ќе имате убава среќна Месечина. Внимание, сепак, на деновите четврток, петок и сабота, во кои би можеле да доживеете моменти на стрес.

Слични објави

(Видео) Лепа Брена се „скрши“ на концерот во родниот град: Пејачката во солзи, ѝ носеа вода, а брзата помош беше на готовност

Еспресо

(Видео) Српската пејачка шокирана: Богат шеик ѝ приредил изненадување на концертот на Цеца во Дубаи!

Еспресо

(Видео) Познатиот босански актер доживеал драма, завршил во полиција во Австрија

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Овните ќе имаат интригантна љубовна ситуација, Скорпиите да внимаваат на некои документи

Еспресо

(Видео) „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ

Еспресо

Ќе се шокирате кога ќе дознаете што е Дарко Лазиќ по професија

Еспресо
Се вчитува....