13.8 C
Скопје
06:34 - 2 мај, 2024

МУЗИКАТА И ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Што ве крева од столче и ве инспирира да запеете?

Предизвик е да најдеш човек на кој музиката не му е составен дел од животот. Вкусот за музика не е нешто што се диксутира бидејќи на сите нешто различно „ни ги гали ушите“, но астрологијата секогаш е тука да понуди мислење, па според неа во ваква музика уживаат хороскопските знаци.

Овен

Иако преферираат хард рок и техно, Овните се големи љубители и на класична музика. Бидејќи сакаат да другаруваат, концертите и филхармониските изведби се вистинско задоволство за нив. Од композиторите, Бах, Дебиси и Бородин ги прават посебно радосни. Знае Овенот да биде и диригент, а посебно во угостителски објект.

Бик

Хедонистичкиот Бик сака етно музика и трубачи, а срцето му заигрува кога ќе чуе севдалинки или староградски песни. Ги собира музичарите околу маса и не ги пушта да си одат. Нарачува песни, а често знае и да го земе микрофонот и да запее. За него стомачен танц е благослов на сценското доживување.

Близнаци

Близнаците воглавно го сакаат тоа што е ново во музичкиот свет – поп и рок, рејв, хаус, техно, хип хоп и во друштво знаат да бидат неодоливи затоа што знаат да имитираат, пејат и играат. Тие се одлични забавувачи и големи фанови на балетите на Стравински.

Што најмногу мразат хороскопските знаци? На Близнаците не им кажувајте како да возат, а со Вагите не влегувајте во расправија

Рак

Ракот ужива во евергрини и музика со автентичен иворен мелос. Нив им годи да ги придружуват пријателите со чаша вино и тогаш можат да запеат, да заиграат и така до утро. На Ракот срцето му заигрува и кога ќе слушне виолина, а омилени композитори му се Чајковски, Моцарт, Менделсон, Бетовен и Брамс.

Лав

Лавот го сака секој жанр на музика што ќе му дозволи да ја испразни големата енергерија што ја има и тоа најчесто низ танцување. Кога се на тронот-подиумот се најсреќни и најисполнети. Исто така сакаат хард рок, техно, но и домашни поп балади, а Бетовен е нивниот омилен композитор.

Девица

Девицата ја обожава филмската музика и баладите, а од композиторите го сака Шопен. Расположението ѝ расте во весело друштво и кога ќе се запие, настапува на сцената и со придружбата на трубачите го крева расположението. Нешто се буди во неа, па знае и да се качи на шанк или маса, сеедно, само да е весело!

ЌЕ СИ ГО ПОМИНАТ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ: Три хороскопски знаци на кои февруари не им „љубовен месец“

Вага

Штом дојдат дома, го пуштаат радиото. Воглавно „сентиш“ бидејќи се романтични, но сакаат поп и балади. Уживаат во класична музика, одобено виенски концерти и омилени композитори им се Чајковски и Моцарт. Отмена и содржајна, Вагата знае и да премине на другата страна и да ги кити трубачите со пари.

Скорпија

Полна со страст Скорпијата знае да се опушти во боемската атмосфера на омилениот ресторан, а деликатна, знае како да ужива во звукот на хорското пеење и оргулите. Сака интрументална музика, поп, а од композиторите ги преферира Шуман и Бетовен.

Стрелец

Стрелецот сака ритамот да го потсетува на музиката на Блискиот Исток, танцовите на африканските племиња, да го возбудува звукот на тапаните, но и техно музиката. Иако Бетовен му е омилен композитор кој и самиот е Стрелец, не значи дека бега од кафаните и нивната музика.

ПАР ОД СОНИШТАТА: Хороскопски двојки кои се најмоќни и најстрасни заедно

Јарец

Иако изгледа резервирано и воздржано Јарецот може да се одмори во добар амбиент со црвено вино, и музика со која душата ќе му заигра. За него сепак, класиката е закон. Слуша концерти со клавир, дуети, а од композиторите Шопен, Дебиси и Рахманинов.

Водолија

Спијат во текот на денот, а лудуваат ноќе затоа што го сакаат диско- ритамот. Сопствениците на ноќите клубови можат да им се заблагодарат на Водолиите кои секако ќе го „затворат“ кафичот. Меѓутоа, непривидливите Водолии сакаат и византиска музика, оргули, гитара и Моцарт, композиторот роден во нивен знак.

Риби

Рибите живеат во друг свет, соновен, полн со фантазија. Опера и балет како да се измислени за нивната сензуална и романтична природа. Тие го сакаат Верди, Пучини, Шопен, Глук и композиции за клавир и оркестар.

КАКВИ СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ НАУТРО? Кој се буди на лева нога, а кој јаде џем со лажица

Слични објави

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ го покажа станот: Каква луксузна трпеза!

еспресо

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо
Се вчитува....