21.8 C
Скопје
20:43 - 18 мај, 2024

Неделен хороскоп (23 до 29 октомври): Одлични вести за Овните, среќен период за Девиците, големи можности за Скорпиите…

ОВЕН: ОДЛИЧНИ ВЕСТИ!
Oваа недела ви pristignuvaat одлични вести: од среда, планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак! Конечно ќе можете да ги оставите зад себе пречките од последниот период, особено оние на работното место. Понатаму, во четврток и петок можете да сметате на прекраснаta Mесечина која ќе ви донесе среќа. Ни Сонцето веќе не е во опозиција… се очекува убаво обновување на енергијата!

БИК: ПРЕЧКИ НА ПАТОТ
За жал оваа недела – почнувајќи од четврток – планетата Меркур ќе влезе во опозиција на вашиот знак… Во следниот период може да наидете на уште некои пречки на вашиот пат. На професионален план нема да недостигаат расправии и ќе се чувствувате особено под стрес. Марс – исто така во опозиција – ќе ве натера да се чувствувате слабо со енергија… Искористете ги среќните месечеви денови: сабота и недела!

БЛИЗНАЦИ: ДОБРА ВЕСТ НА РАБОТА!
Драги Близнаци, неповолниот транзит на Венера носи уште некои дискусии во вашиот љубовен живот. Посебно внимавајте на деновите вторник и среда, кога прилично нервозната Месечина би можела да ги нагласи конфликтите… За да побарате конструктивен дијалог со партнерот, фокусирајте се на деновите четврток и петок, кога Месечината повторно ќе ви се насмевнува. Добри вести на работното место би можеле да пристигнат во првиот дел од неделата.

РАК: МЕРКУР ЌЕ ВИ НАСМЕВМЕ
Драг Рак, конечно оваа недела планетата Меркур повторно ќе ви се насмее, а заедно со него и Сонцето! Малите блокади или забавувања од последниот период ќе најдат решение: ве очекува дефинитивно интересен месец! Во меѓувреме, внимавајте на нервозната Месечина во четврток и петок. Среќна Месечина, пак, во сабота и недела. Поволната Венера го поддржува и помага вашиот љубовен живот.

ЛАВ: МЕРКУР ВИ ГО СВРТИ ГРБОТ
Драг Лав, оваа недела, за жал, планетата Меркур ќе ви го заврти грбот… Почнувајќи од среда, во канцеларија би можела да настане уште некоја тензија и бранењето на вашите ставови нема секогаш да биде лесно. Марс, исто така во неповолна положба, ќе го нагласи чувството на замор и стрес. Искористете ги деновите со поволна Месечина, четврток и петок, кога би можеле да добиете неочекувани добри вести.

ДЕВИЦА: СРЕЌЕН ПЕРИОД!
Драга Девица, продолжува вистински среќен период за вашиот знак во однос на чувствата: Венера ви ја дава сета љубов и страст што ги заслужувате! На повидок нови средби особено романтични за самците. Понатаму, почнувајќи од среда и Меркур повторно ќе ви се насмевнува, подготвен да ви даде одлична можност на работа. Единствената неусогласена забелешка: Месечината во опозиција помеѓу вторник и среда ќе донесе нервоза.

ВАГА: СОБИРАЊЕ НА ПЛОДОВИ!
Драга Вага, оваа недела планетата Меркур ќе го напушти вашиот знак за да се пресели во знакот на Шкорпија: месецот октомври, сепак, ви донесе убави признанија или поволни одговори, а сега ќе продолжите да уживате во плодовите на сработеното. Внимавајте на Месечината во опозиција во четврток и петок, кога нешто може да не оди како што очекувавте…

СКОРПИЈА: ДОБРЕДОЈДЕ МЕРКУР!
Драга Шкорпија, оваа недела планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак стигнувајќи до Сонцето и Марс во конјукција! Почнувајќи од среда, среќата ќе биде на ваша страна, особено во однос на работата и врските: во следниот период, всушност, нема да недостигаат големи можности и средби за паметење! Ќе имате голема енергија и голема желба да се вклучите во се. Само внимавајте на Месечината во опозиција за време на викендот.

СТРЕЛЕЦ: ТЕНЗИИ СО ПАРТНЕРОТ…
Драг Стрелец, и оваа недела ќе мора да се справите со Венера во неповолна положба, која може да донесе некои проблеми во љубовта.  Нема да биде секогаш лесно да се разберете со партнерот, особено во вторник и среда, кога ќе ја имате и Месечината во неповолна положба и нервозата ќе биде преку покривот! Понеделник, четврток и петок пак, се посреќни и поспокојни.

ЈАРЕЦ: ВОЗДИВ НА ОЛЕСНУВАЊЕ!
Конечно оваа недела нема повеќе да ги имате Сонцето и Меркур во неповолна положба и ќе можете убаво да здивнете! Месецот ноември ќе ви ги донесе сите резултати за кои напорно сте работеле, а пречките со кои требаше да се справите во последните недели ќе бидат само далечно сеќавање! Среќата ви се насмевнува дури и во љубовта. ДА денови: вторник и среда. Негативни денови: четврток и петок.

ВОДОЛИЈА: ТЕНЗИИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА
Драги Водолии, за жал оваа недела – почнувајќи од среда – планетата Меркур ќе ви го сврти грбот… На работа може да настанат недоразбирања и да доживеете моменти на силен стрес. За среќа, Венера повеќе не е во опозиција и, барем на емотивен план, повторно ќе можете да најдете дел од изгубената спокојство… Супер-среќна Месечина во понеделник. Неповолна месечина во сабота и недела.

РИБИ: ПРОБЛЕМИ ВО ЉУБОВТА
Драги Риби, оваа недела ќе се почувствува спротивставувањето на Венера, кое ќе ви донесе дискусии и расправии со партнерот… Внимавајте да не се заглавите премногу во вашата пословична емотивност и обидете се рационално да ја погледнете ситуацијата: ќе го најдете решението! Најдобри денови за разговор ќе бидат вторник и среда, кога ќе може да сметате на прекрасната Месечина на ваша страна. Меркур повторно ви се насмевнува и носи добри вести на работа!

Слични објави

(Фото) „Мојата единствена девојка!“: Тони Бијелиќ во доцните часови објави фотографија и покажа детаљ од приватниот живот

Еспресо

Никола Роквиќ во кавга со Жељко Самарџиќ: „Бедно, како не ви е срам?“

еспресо

(Фото) Пристигна бебето! Поранешниот на Емина Јаховиќ објави преслатка фотографија од приновата во семејството

Еспресо

Ќе ги покрие љубовен бран: Три хороскопските знаци со најголема среќа во љубовта ова лето

еспресо

(Фото) Тони Бијелиќ во ситните часови ја покажа неговата единствена девојка: Драгана Мирковиќ сепак не е минато!

еспресо

(Фото) „Овде имало многу пукање“: Никола Роквиќ објави шокантна глетка по патот кон Грција

Еспресо
Се вчитува....