5.8 C
Скопје
11:16 - 22 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29 ДЕКЕМВРИ: Шармот ќе ви помогне да постигнете што сакате

дневен хороскоп

Овен

Ќе го пронајдете мирот на кој се надевате во приватниот живот. Нивото на енергија ви е зголемено, но одржувајте го. Ќе направите промени во секојдневието, не се воздржувајте кога имате инспирација. Шармот ќе ви помогне да постигнете што сакате на љубовно поле и сега е вистинското време за правење планови.

Бик

Ќе запознаете личност чија харизма ќе ве одведе на некое друго ниво. Ова ќе биде огромна новина за вас, бидејќи досега не сте запознале личност со такви манири. Ако сте во врска, ќе паднете на шармот на една личност, внимавајте, газите по тенок мраз. Партнерот може да ве открие!

Близнаци

Некој ќе се обидува да ви наметне свои ставови или да го промени вашиот карактер иако вие ќе бидете убедени дека не треба да се менувате. Не се плашете да се соочите со таа личност. Луѓето кои не ве сакаат онакви какви што сте, не заслужуваат ниту да бидат покрај вас.

Рак

Мора да надминете некоја препрека за да продолжите понатаму. Храброст е да умеете да се соочите со вашите стравови, а блиските луѓе ќе ви помогнат ако тргнете по тој пат. Во работата држете се до вашите обврски. Во љубовта ќе бидете ставени на тест, партнерот сака да открие некои ваши тајни.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (27.декември – 2.јануари): Што ве чека на новогодишната ноќ и како ќе стапнете во новата година?

Лав

Тактизирајте ги работите ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.

Девица

Многу е важно да не очекувате резултатите од вашиот труд да дојдат преку ноќ, бидејќи успехот ретко доаѓа молскавично. Трпеливоста понекогаш навистина знае да се исплати. На емотивен план, ве очекува бурен период, нови познанства, а можно е и нова љубов.

Вага

Личност која неодамна влезе во вашиот живот, ќе предизвика бура од емоции во вас, па ќе ви биде тешко да дефинирате што точно чувствувате. Дајте ѝ време на вашата глава да се излади, па да започнете трезвено да размислувате.

Скорпија

Ако во изминатиов период невнимателно прелетувавте низ животот без да се сомневате во намерите на луѓето, денес сомнежите ќе испливаат на површина. Можно е кај познаник да откриете романтични чувства кон вас кои не сте знаеле дека постојат. Правете селекција помеѓу важни и неважни личности во вашиот живот.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да правите подолгорочни планови поврзани со домот и вашиот приватен живот. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашите фрустрации да влијаат врз конечната одлука, туку покажете ги своите квалитети.

Јарец

Емоциите ќе ве носат во вистинска насока, а средбите со најблиските ќе бидат одличен начин за полнење на батериите. Време е да го добиете она што го заслужувате, но не летајте превисоко. Знаете како да создадете интимна атмосфера и време е да ги исполните желбите на партнерот.

Водолија

Сакате мир и спокој во животот. Доста ви е од високи цели, докажувања, секогаш да бидете први на фронтот… Не се оптоварувајте со работа која се заканува да се прелее и во вашето слободно време. Создајте здрава рамнотежа на секое поле од животот.

Риби

Ќе слушнете вест која ќе го помести центарот на вашиот свет и ќе ве натера да направите екстремни промени во животот, но со насмевка на лицето. Уживајте со секој атом од себе во прекрасните случувања. Имате впечаток дека некој се обидува да ви се меша во животот, но таа личност само сака да ви помогне.

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....