04:16 - 27 ноември, 2026

ЗДРАВЈЕТО ВЛЕГУВА ПРЕКУ УСТАТА: Колку овошје, а колку зеленчук треба да јадеме секој ден?

овошје

Повеќето од нас знаат дека потребно е да се вклучат овошјето и зеленчукот во секојдневното мени, но колкави се минималните количини кои треба да ги изедеме од оваа здрава храна?  Од анализите на дури 95 истражувања во кои биле вклучени повеќе од 2 милиони лица, ви го претставуваме прецизното мени на Кралскиот колеџ во Лондон!

За понизок ризик од карцином влијае исхраната во која е застапен зелениот зеленчук, жолтиот зеленчук и зелкастиот (зелка, карфиол, брокула). За понизок ризик од срцеви заболувања и срцев удар влијае храната во која се застапени: јаболките, крушките, цитрусите, салатата, зелениот лиснат зеленчук (како марулата и спанаќот) и зелкастите зеленчуци.

ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ ИМУНИТЕТОТ ОПАЃА: Зошто јодот е најдобра заштита за организмот?

Во анализата на резултатите на бројни студии, попрецизно се споредени количините на зеленчук во исхраната и се покажало дека:

200 грама од препорачаното овошје и зеленчук дневно го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 13 проценти, додека 800 грама го намалува тој ризик за 28 проценти.

ПОСНА ИСХРАНА: Што сè треба да јадат веганите за да останат здрави?

Исто така, 200 грама од овие намирници го намалуваат ризикот од карцином за 4 проценти, а 800 грама за 13 проценти. И конечно, 200 грама од набројаното овошје и зеленчук го намалуваат ризикот од прерана смрт за 15 проценти, а 800 грама за 31 процент.

Јадете повеќе од препорачаното овошје и зеленчук и продолжете си го животот!

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....