16.8 C
Скопје
15:13 - 15 мај, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22 ДЕКЕМВРИ: Имате шарм и го користите на вистински начин

дневен хороскоп

Овен

Не се наметнувајте премногу и не се заморувајте од работните обврски кои можат да почекаат. На емотивно поле, можни се помали расправии со саканата личност. Чувствувате дека односите ви се заладени, се одалечувате еден од друг. Тука може многу да ви помогне заедничка пријателка.

Бик

Имате шарм и го користите на вистински начин. Чувајте се од една Скорпија, таа сака да поседува сѐ што сте стекнале, сè што имате. Во љубовта, дозволете минатото да остане зад вас. Одете напред во иднината. Ќе имате добар ден со Овен или Стрелец. Здравје: Слушајте ги советите на еден Бик во врска со исхраната.

Близнаци

Ако добиете „лош сигнал“, важно е да се тргнете настрана и да чекате некоја подобра прилика. Избегнувајте емоционални предизвици. На работа упорно се обидувате да го наметнете своето влијание врз соработниците, но бидете попромислени кога ги проценувате сопствените деловни можности. Важно е да се ослободите од непотребните грижи.

Рак

Денот е важен за вашиот буџет. Мора да средите некои недовршени работи во фирмата. Пред вас е многу работа. Во љубовта, задоволни сте од развојот на емотивна ситуација со еден Бик. Можеби тоа е вистинска љубов во вашиот живот. Совет: Нервозата и нетрпеливоста можат да доведат до висок крвен притисок.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (20 до 26 декември): Љубов за Биковите, среќа за Девиците, кавги за Овните…

Лав

Поволен ден за креирање нови идеи и за организирање на работата. Ќе донесувате добри одлуки, но и ќе имате одлични резултати. Во љубовта постои можност да запознаете личност која доаѓа од друг град или од странство. Ќе имате необичен предлог од таа личност, размислите, но неодолговлекувајте со вашата одлука.

Девица

Многу сте посветени на работата и доволно подготвени со ладна глава да расудувате и да донесувате одлуки во кризни ситуации. Вие сте познати по вашата смиреност и прецизност. Ако сте во врска, ќе барате објаснување од саканата личност за нејзиното ладно однесување и дистанцирање.

Вага

Интересна личност ви влегува во животот. Едноставно ќе се „стопите“ во разговорите со таа личност. Ќе ви посветува досега невидено внимание. Прифатете. На работа, денот е поволен за деловни преговори и за комуникација со соработниците. Размислувањето на тема за можно соединување на тимот сосема ќе ве окупира.

Скорпија

Најмногу сте загрижени поради огромните трошоци кои од ден на ден се зголемуваат. Смирете се, не е сѐ така црно како што ви изгледа на прв поглед. Ќе имате издатоци, но и финансиски добивки. Во љубовта, имате силна потреба за сигурност, копнеете по тоа вашиот партнер да ги потврди неговите чувства и припадност – дека е ваш.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

Можно е дека ќе ви биде потребен момент во текот на денот да бидете сами со себе и да ги средите мислите. Независноста е клучен збор за вас. Размислите – да не сте станале жртва на ветувањата кои неодамна сте ги дале. Кога ќе се промени околината (луѓето околу вас), тогаш и вие ќе треба да се промените. Тврдоглавоста денес може само да ви штети.

Јарец

Бидете искрени и благодарни за сѐ што имате. Време е да го промените своето мислење кога убавината и изгледот се во прашање. Многу сте старомодни. Иако нема потреба да бидете многу модерни, сепак, размислете малку да се ослободите од тој конзерватизам. Исто така, престанете да размислувате како да им удоволите на сите.

Водолија

Зошто се оптоварувате дека сите мора да ве сакаат? Не мора! Единствената личност која треба да е задоволна сте вие! Очекувајте малку тежок ден. Вие со леснотија ќе внесувате хумор во животните ситуации, па потрудете се и денес тоа да го направите. Вашата способноста да се справувате со тврдоглавите луѓе ќе биде на тест.

Риби

Луѓето околу вас, особено постарите и надредените, може да бидат повредени со некоја ваша непромислена изјава. Потрудете се со насмевка да им објасните дека не сте мислеле ништо лошо. Добрите зборови отвораат железни врати. Бидете љубезни, благопријатни и насмеани во односот и на работа и дома.

Слични објави

Лежерно, а скапо! Цеца ја посети снаата во породилиште во облека која чини колку еден стан

Еспресо

Саша Поповиќ заврши во болница, директорот на „Гранд“ во количка

Еспресо

(Фото) Сѐ пука од луксуз: Погледнете ја вилата на Николина Пишек вредна 1,7 милиони евра

Еспресо

Принц Хари и Меган Маркл прекршија важно кралско правило: Скапоцени подароци, накит, уметнички слики…

еспресо

Колку му остана на Никола Роквиќ до целта: Сè помалку километри, сè повеќе пари

еспресо

(Видео) Спектакуларен огномет за прославата на третиот внук на Цеца: Синоќа се славеше во домот на Ражнатовиќ

еспресо
Се вчитува....