-5.2 C
Скопје
01:37 - 23 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 ОКТОМВРИ: Останете во игра бидејќи во прашање е исплатива работа

дневен хороскоп

Овен

Иако вашата врска објективно ќе напредува одлично, вие самите ќе бидете склони да „копате“ по старите рани, а особено да се занимавате со вашиот внатрешен свет. Со таков пристап, ќе одземете нешто од спонтаноста, затоа не претерувајте. Сакате рамнотежа повеќе отколку борба, но ќе мора да се изборите за некои свои права.

Бик

Ќе имате куп обврски и одговорности. Не бегајте од ништо. Ќе успеете да ги ставите работите на свое место. Во текот на наредните денови ќе влезете во поквалитетна, но и подискретна љубовна фаза. Потребата за љубов ќе стане уште поизразена. Сѐ повеќе време ќе сакате да поминувате дома во друштво на партнерот.

Близнаци

Колку долго сте планирале некои деловни потези, дотолку сега имате можност да ја покажете својата деловна умешност или знаење. Веројатно ќе се зголеми вашето влијание на другите, а на вас е тоа да го прифатите и како нова одговорност. Бидете професионални. Без оглед на заморот, не потклекнувајте.

Рак

Ова е добро време за да проверите што навистина сакате од врската. Проблемот е што од една страна немате сила за драматични промени, прекинување на сегашната врска и нов почеток, а од друга страна сте свесни дека нема да можете да ја издржите врската каква што е сега. Некои од вас тивко ќе ја прекинат својата врска.

Лав

Ќе бидете исклучително задоволни од резултатите од вашата работа и ќе имате впечаток дека долго време не сте биле толку успешни. На емотивно поле, тврдоглаво ќе се држите до вашиот став, па дури и ќе започнете да спомнувате некои ситуации од минатото. Но, тоа нема да му се допадне на вашиот партнер.

Девица

Се чувствувате прилично фрустрирани и несигурни. Ја изгубивте вербата во своите способности. Имаат впечаток дека што и да правите, бизнисот не се движи од истата точка, и што е уште полошо, ви недостасуваат нови идеи како да ја подобрите работата, бидејќи веќе пробавте сè и ги искористивте сите адути.

Вага

Многумина ќе му се предадат на ситното шпекулирање и озборување. Нема да им падне напамет дека и тие се предмет на нечие озборување. Малку ќе се олабавите па на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас, а тоа уште повеќе ќе ве зближи.

Скорпија

Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција. Работната атмосфера ќе се вжешти, а од вас се очекува да се ангажирате сѐ повеќе и повеќе. Вашите работни навики заспале некаде, затоа ќе мора итно да ги разбудите.

Стрелец

Надредените и нивната контрола ќе бидат тешки за вас, но ќе издржите благодарение на вашата необична смисла за хумор. На емотивно поле, ќе имате многу додворувачи. Ќе бидете во позиција да избирате. Не спуштајте ги критериумите. Се чувствувате енергично и живо и подготвени сте за секаков вид акција.

Јарец

Оние кои сѐ уште се сами, лесно ќе наоѓаат друштво, иако ќе има и препреки во комуникацијата. Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно, најдете во себе трпение и сила. Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш.

Водолија

Вашиот приватен живот нема да биде целосно мирен. Ќе треба многу дипломатија и трпеливост за разговорите да одат напред во конструктивна насока. Ќе мора да бидете објективни со блиските соработници за да избегнете конфликти што би можеле да ви донесат финансиски проблеми. Ќе ви се укаже можност за промена на кариерата.

Риби

Ќе направите сѐ што е поврзано со пари и успешно ќе ги наплатите старите долгови. Полни сте со себе и сосема сте свесни по кој пат треба да оди вашиот професионален развој. Не колебајте се, прифатете ја секоја понуда во овој момент иако не е на прв поглед примамлива. Останете во игра бидејќи во прашање е исплатива работа.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....