19.8 C
Скопје
11:29 - 29 март, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13 СЕПТЕМВРИ: Нема причина да ги потиснувате своите емотивни желби

хороскоп

Овен

Ако сакате да ги решите вашите дилеми, сè што треба да направите е да ги преземете работите и контролата во свои раце. Слободно покренете ја иницијативата. Следете го вашиот внатрешен глас или претчувства што ги имате кога се среќавате со саканата личност. Секогаш умеете да смислите паметно решение.

Бик

Не ви се допаѓаат нечии идеи, па внимателно ги одбирате деловните проекти. Иако постојат одредени дилеми, не се сомневате дека вашето срце ќе направи добар избор. Уживајте во вашиот свет на интимност. Ве чека емоционално задоволство што ќе ве исполни со позитивна енергија.

Близнаци

Обрнете внимание на корисните информации и прифатете го позитивното влијание. Покажете им на соработниците дека имате сериозни намери и јасни цели. Во друштво на партнерот, бидете полни со фантазија или љубовна инспирација, како добар поттик за низа нови ситуации во кои и двајцата ќе можете да уживате.

Рак

Покренете иницијатива во различни насоки, за да постигнете комбинација на деловен успех и лично задоволство. Во љубовта, ве радуваат новите настани кои ве следат или расположението што го препознавате кај саканата личност. Слободно изразете ги своите чувства за да го добиете вистинскиот одговор.

Лав

На деловно поле, почекајте некој официјално да ве извести за својата одлука за соработка. Изненадувањата се можни во двете насоки. На емотивно поле, не ги игнорирајте вашите емотивни дилеми, повремено постои меѓусебна недоверба и нови прашања помеѓу вас и вашиот партнер. Сомнежот тлее веќе извесно време.

Девица

Поради различните правила и деловните интереси, пожелно е да ја прифатите компромисната варијанта како најдобро решение. Важно е правилно да ги потенцирате вашите позитивни особини. Во врска со саканата личност, бидете доволно имагинативни и заводливи, сѐ додека не почувствувате заемно
задоволство.

Вага

Имате лошо претчувство во исчекување на расплетот на средбата со одредени соработници и со надредените. Обрнете внимание на семејните теми или на личноста која делува многу позитивно на вашето расположение. Во моментов, освен нечие присуство, потребна ви е и голема емоционална поддршка.

Скорпија

Делувате вешто во деловните преговори, но ниту вашите соработници не се наивни. Немојте да потценувате нечии способности или да ги преценувате своите. Во љубовта, нема причина да ги потиснувате своите емотивни желби пред личноста која добро ги познава вашиот темперамент или карактер.

Стрелец

Заклучувате дека средбата со една личност не ви носи многу олеснување или одговори на важните прашања. Избегнувајте полемики и испочитувајте ги официјалните прописи. Во љубовта, во друштво на саканата личност сè изгледа многу полесно и поубаво. Сметајте на неговата безрезервна поддршка.

Јарец

Денес, информациите што некој ќе ви ги соопшти имаат корисно значење. Обрнете внимание на различните детали во деловните преговори и на скриените пораки. На емотивно поле, сочувајте го оптимизмот и довербата во партнерот. Некој ќе ве направи среќен во голем стил и на исклучителен начин достоен за почит.

Водолија

Пронајдете го вистинското значење или задоволство во различните ситуации кои истовремено го разубавуваат вашето расположение и го збогатуваат вашето животно искуство. Следете ги своите чувства и можете да го постигнете она што толку многу ви недостасува. Важно е да бидете задоволни од она што го правите.

Риби

Искреноста во деловниот дијалог не предизвикува голем ентузијазам кај соработниците. Нема причина да ја докажувате супериорноста и да привлекувате внимание кон себе. Во љубовниот живот, расчистете ги навреме лажните илузии. Не можете да добиете сè што сакате, туку само она што го нуди или предлага партнерот.

Слични објави

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо
Се вчитува....