06:15 - 10 ноември, 2026

3 ПРАВИЛА ЗА ПРАВИЛНО МЕРЕЊЕ: Вагата не покажува секогаш точно кога слабееме

Бројни студии покажуваат дека секојдневното мерење на вага негативно влијае на самодовербата. Постојат 3 основни правила за мерење кои ќе ни овозможат да бидеме задоволни со своето тело, ако се обидуваме да ослабнеме.

Мерете се еднаш неделно

Ако се обидувате да изгубите некој килограм, мерете се еднаш неделно или дури еднаш на две недели. Тежината варира на дневна основа во зависност од тоа дали имаме месечен циклус или пак, за ручекот сме изеле солена храна која повеќе ја задржува водата во организмот. Секојдневното проверување на телесната тежина може да предизвика само главоболка и разочарувања.

Мерете се в среда наутро

Загубата до 2 килограми неделно е реална цел, но успехот би можел да биде отежнат ако сте опседнати со резултатите.

„Еднаш се мерев на секој час за да го докажам варирањето на тежината. Тежината варираше до 2,5 килограми во текот на денот“, објаснува нутриционистката Александра Касперо. Касперо предлага да се мериме на вага во среда наутро, зашто на средината на неделата варирањето на тежината е најмала. Истото тоа го докажува и една финска студија.

Дајте си време за маневрирање

Секој од нас ја има бројката на идеална тежина кон која цели. Ако сеуште не сте ја достигнале, немојте да бидете престроги кон себе. Дозволете си простор од плус-минус 3 килограми.

„На овој начин ќе ги спречите лошите и тажни емоции во вас ако не сте задоволни со бројката која вагата ја покажува“, вели Алексндра Касперо.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....