9.8 C
Скопје
22:42 - 25 април, 2024

АСТРОЛОГИЈА: Луѓето родени во одредени периоди помеѓу 1983 и 1995 година се чудотворци и револуционери!

хороскоп

Следните две години ќе бидат особено важни за луѓето родени помеѓу 1983 и 1995 година. Астролозите најавуваат дека, доколку припаѓате на таа генерација, ќе го почувствувате силното влијание на Плутон во Скорпија, кое ќе станува се поинтензивно како што се приближува март 2023 година, а потоа ќе почне да слабее.

Плутон во Скорпија, односно периодот на транзиција на Плутон низ знакот Скорпија, има особено силно влијание врз луѓето родени помеѓу 1983 и 1995 година, но во одредени периоди.

БЛАГОСЛОВЕНИ: Овие хороскопски знаци ќе бидат најголеми среќници во 2022 година!

Датуми кога Плутон бил во Скорпија:

  • ноември 1983 – 18 мај 1984
  • август 1984 – 17 јануари 1995
  • април 1995 – 11 ноември 1995

Според астролошките анализи, луѓето родени во тој период се предодредени да бидат чудотворци или револуционери. Тие се пркосни, мудри и малку мистични во исто време. Тие се чувствителни на суптилните вибрации со кои се опкружени, сакаат да видат позитивни промени во светот и подготвени се да направат нешто околу тоа. За сè размислуваат подлабоко, детално анализираат и прифаќаат необјасниви работи.

Можно е како деца да биле послаби ученици, но не затоа што им недостигала интелигенција, туку затоа што начинот на образование не ги задоволувал, па дури и им ги ограничувал можностите. Исто така, растејќи, веројатно често слушале од своите родители дека се непослушни и тврдоглави затоа што не сакаат да ги следат туѓите правила освен ако не видат некаква смисла во нив.

СУДБИНА, КАРМА И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЖЕЛБИ: Откријте каде е Вертексот во вашата натална карта

Двете основни групи на „Генерацијата Плутон во Скорпија“

Двете групи имаат иста цел, но ја достигнуваат на различни начини. Чудотворците се тивки и се обидуваат да не бидат во центарот на вниманието и не се склони кон грешки. Револуционерите се сè само не тивки и ненаметливи. Гласно ги изразуваат своите ставови, храбро и решително се борат за доброто на човештвото. Чудотворците се повеќе ориентирани кон „лекување на личните трауми“ на луѓето околу нив, додека револуционерите имаат потреба да го променат целиот општествен систем.

ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО ЕНЕРГИЈАТА НА ИМЕТО? Сопственичките на овие 5 имиња се заштитени од лоша среќа

Чудотворци

Во оваа група спаѓаат луѓе кои се родени кога Плутон бил во знакот на Скорпија, но ретрограден. Тоа се посмирени типови кои имаат мисија да си ја вратат сопствената изгубена самодоверба – само така ќе можат да им помогнат на другите. Тие се способни да нурнат длабоко во сопствените емоции, па често меѓу нив има многу терапевти, писатели и уметници.

САТУРН ВО КВАДРАТ НА УРАН: Овие хороскопски знаци треба да ги завршат врските

Револуционери

Тоа се поединци родени во време кога Плутон бил директно поставен, па затоа им дал храброст и тенденција да ги преиспитуваат моќите што ги поседуваат. Одлично ја разбираат разликата помеѓу доброто и злото и се подготвени да се борат за вистинските работи во животот.

Тие се многу страсни, активни и силни. Интуитивно разбираат што е скриено од другите и сакаат да ги искористат своите таленти и влијанија за да направат промени во светот. Тоа се луѓе кои не минуваат низ животот незабележано.

РОДЕНИ СРЦЕКРШАЧИ: Хороскопски знаци за кои љубовта е само игра!

Влијанието на Плутон во Скорпија ќе зајакне до 2023 година

Плутон влезе во знакот на Скорпија на 21 декември минатата година и таму ќе остане до 8 март 2023. Овој период треба да се искористи за напорна работа и изнаоѓање насоки кои ќе го направат светот подобро и поубаво место за живеење. Исто така, би било добро да поработат на својата самодоверба и одлучност. Сега е многу важно оваа генерација да не подлегнува на токсичните ефекти од минатите настани. Треба да го оставиме тоа зад себе, да извлечеме поука од тоа и да продолжиме кон подобра иднина.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....