20:27 - 6 ноември, 2026

Астро прогноза за среда, 25 јануари

ОВЕН

Овенот за да погледне во иднината ќе мора да се сврти и со поглед кон минатото. Ѕвездите предупредуваат: ако на овој ден се потпрете на случајноста или дури брзате, бидете сигурни дека може да се случат непоправливи работи.

БИК

На 25 јануари Бикот треба да заземе став на чекање и на набљудување н ситуацијата. Ѕвездите предупредуваат: ако на овој ден донесете важна одлука, ќе влезете во голема грешка од која тешко ќе излезете.

БЛИЗНАЦИ

За Близнаците денот може да започне, искрено, не на најдобар начин. Но, од вас ќе зависи како ќе заврши, велат ѕвездите. И тие ве советуваат да гледате позитивно на работите и малку да бидете себични.

РАК

Раковите треба внимателно да дејствуваат денес, велат ѕвездите. Дури и ако сте целосно сигурни во своите способности, претпазливоста на 25 јануари дефинитивно нема да ви наштети.

Лав

Лавовите ќе мора некому да се оправдаат или некому нешто да докажат, велат ѕвездите. Доколку на 25 јануари покажете бесчувствителност или кратковидост, последиците можат да бидат долгорочни.

ДЕВИЦА

Девиците ќе треба брзо да дејствуваат на овој ден. Ѕвездите велат дека можеби воопшто нема време за размислување на 25 јануари. Затоа, соберете сили уште од наутро и обидете се да не се опуштите до вечерта. Денот е ваш!

ВАГА

Вагите треба да запомнат дека секој збор што ќе го кажат на овој ден може да биде среќен или фатален. Ѕвездите советуваат 25 јануари да го поминете максимално одговорно, особено кога во прашање се зборовите.

СКОРПИЈА

На 25 јануари Скорпиите ги чекаат убави вести. Можеби ќе добиете неочекувано унапредување на работното место, или дури нова работна понуда. Прифатете ја во лет.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците ќе имаат корист од нивните вештини за јавно говорење, велат ѕвездите. Ако треба да настапите пред многу луѓе на 25 јануари, не одложувајте. Ќе ви се допадне вниманието што ќе го добиете, и аплаузот, оваа среда.

ЈАРЕЦ

На 25 јануари на Јарците можеби нешто им недостасува, велат ѕвездите. Сила, трпение или вештини – ѕвездите не прецизираат, но ве советуваат да не се плашите да побарате помош. Ако вашето его победи, ништо добро нема да дојде од тоа.

ВОДОЛИЈА

Водолиите ќе треба да ја „исчистат“ околината. Ѕвездите велат дека на 25 јануари појасно од кога било ќе видите кој е покрај вас, а кој носи лажна маска. Неопходно е да се ослободите од токсичните „пријатели“ и колеги решително и без жалење.

РИБИ

На 25 јануари Рибите може да имаат некоја важна шанса да го променат својот живот. Ако нешто не ви одговара, преземете акција. Ако ви се допаѓа сè, не барајте подобро од она што е веќе добро.

Слични објави

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо
Се вчитува....