4.8 C
Скопје
15:34 - 17 декември, 2025

(Фото) Започнува ново музичко и винско доживување во Скопје: Wine and Music Sessions 

Аудиокултура заедно со Винарија Камник започнуваат серија посебно конципирани настани на кои се спојуваат доживувањата на музика и виното, под мотото „Музиката спојува, виното инспирира“. Оваа петочка ноќ, првата од Wine and Music Sessions помина со настапот на Јован Милошевски на акустична гитара, македонски виртуоз кој живее и работи во Шпанија како професор со сопствено училиште во Палма де Мајорка. Настапот на Милошевски беше збогатен со Blind Tasting дегустација на избрани вина од Винарија Камник.

Спојот на добрата музика со избраните етикети од Камник, беше дополнет со едукативен елемент во автентичниот амбиент на Аудиокултура за пронаоѓање на префинетиот звук и вкус.

Со создавањето на Wine and Music Sessions се започнува еден различен социјално-културен тренд каде целта е да се понуди нова содржина во урбаниот живот и да се долови суштинската врска меѓу музичката и винската култура. Овие вечери што го збогатуваат живеењето во градот, ќе продолжат во следните месеци со настапи и на други истакнати музичари и уметници.

 

Слични објави

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin

(Фото) Едвај ги задржа градите: Едита Арадиновиќ провокативно позираше во бунда и крзнен костим за капење

Еспресо
Се вчитува....