13.8 C
Скопје
19:59 - 24 април, 2024

Зошто поседувањето миленичиња е добро за нашето здравје?

кучиња

Ако имате домашно милениче, веќе со сигурност знаете колку радост и љубов носат, а науката потврди колку тие навистина се добри за вашето здравје – за менталното и за физичкото здравје.

Една теорија вели дека домашните миленичиња го зголемуваат нивото на окситоцин, познат и како „хормон на врзување“, други студии пак тврдат дека имањето домашно милениче ги подобрува социјалните вештини, го намалува крвниот притисок, го рекулира отчукувањето на срцето, ја зајакнува имунолошката функција и ја зголемува толеранцијата на болка. Исто така, го намалува стресот, бесот и депресијата.

Затоа, не е изненадувачки што редовното дружење со куче или мачка ги нуди сите овие предности и многу повеќе. Миленичињата можат да ве направат поздрави, посреќни и поиздржливи.

АКО ЛАЖЕТЕ, КУЧИЊАТА ЌЕ ВЕ ОТКРИЈАТ: Науката докажа дека по лагата, кучето нема никогаш повеќе да ви верува

Помагаат да живеете подолго и поздраво

Имањето куче е поврзано со помал ризик од смрт поради кардиоваскуларни болести, според една студија која следела 3,4 милиони луѓе во Шведска. Истражувачите проучувале мажи и жени на возраст од 40 до 80 години и ги следеле нивните здравствени податоци околу една деценија.

Студијата открила дека за луѓето кои живееле сами, поседувањето куче може да обезбеди форма на социјална поддршка и да ја зголеми физичката активност, што може да го намали ризикот од смрт за 33% и ризикот од кардиоваскуларна смрт за 36%, во споредба со оние немаат домашно милениче. Шансите за срцев удар исто така биле помали за 11%.

Зошто мачките им носат глувци на своите сопственици?

Ги ублажуваат алергиите и го зајакнуваат имунитетот

Една од задачите на вашиот имунолошки систем е да ги идентификува потенцијално штетните бактерии и да ослободи антитела за да ја спречи заканата. Но, понекогаш претерано реагира и погрешно ги идентификува безопасните работи како опасни, предизвикувајќи алергиска реакција.

Всушност живеењето со куче или мачка во текот на првата година од животот не само што ги намалува шансите да бидете алергични на миленичиња, туку подоцна исто така го намалува и ризикот од астма. Една студија објавена во „Journal of Allergy and Clinical Immunology“ покажала дека новороденчињата кои живеат со мачки имаат помал ризик од детска астма, пневмонија и бронхиолитис. Живеењето со домашно милениче во детството исто така го зајакнува имунолошкиот систем. Всушност, само кратка средба со домашно милениче може да го зајакне вашиот имунолошки систем.

КУЧЕ МИНА 380 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ ВРАТИ ДОМА: Го препознав Пабло и не можев да поверувам, тоа беше вистински момент на среќа

Миленичињата ја зголемуваат стапката на вашата физичка активност

Ова се однесува повеќе за сопствениците на кучиња. Ако сакате да шетате со вашето куче, големи се шансите да бидете поподготвени и во подобра форма од луѓето кои немаат милениче куче.

Едно истражување спроведено на повеќе од 2.000 возрасни лица покажало дека луѓето кои ги шетаат своите кучиња вежбаат повеќе и имаат помала веројатност да бидат дебели отколку оние кои не шетаат кучиња. Во друга студија, постарите луѓе кои имаат кучиња (71 до 82) оделе побрзо и подолго од оние што немале кучиња и биле поподвижни.

(ВИДЕО) ОВА КУЧЕ Е ВИСТИНСКО ЧУДО: Погледнете што прави секоја вечер!

Го намалуваат стресот

Контактот со миленичиња се чини дека го намалува одговорот на стресот со намалување на хормоните за стрес и регулирање на отчукувањата на срцето. Тие исто така ја намалуваат анксиозноста и стравот (психолошките реакции на стрес) и го зголемуваат чувството на смиреност.

Истражувањата откриле дека кучињата можат да помогнат во ублажување на стресот и осаменоста кај постарите лица, како и да го смират стресот пред испитите за учениците. Едно истражување покажало дека само 10 минути милување со куче или мачка може да го намали нивото на кортизол кај учениците.

МОДЕРНО КУЧЕ: Најпознатото куче на социјалните мрежи – Буби Били со своја модна линија

Го зајакнуваат здравјето на срцето

Се испостави дека времето поминато со миленичиња е поврзано со подобро кардиоваскуларно здравје, веројатно поради гореспоменатиот ефект за ослободување од стрес. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на кучиња имаат помал ризик од срцеви заболувања, вклучително и намален крвен притисок и холестерол.

Го подобруваат вашиот социјален живот

Домашните миленичиња, особено кучињата ни помагаат да стекнеме повеќе пријатели и да изгледаме попристапно, посигурно и повредни за дружење. Во една студија, луѓето во инвалидски колички кои имале куче добиле повеќе насмевки и повеќе разговарале со обичните минувачи отколку оние без куче.

А друго истражување пак, покажувало дека жените се повеќе расположени да го дадат својот број на мажи кои имаат куче.

Слични објави

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо
Се вчитува....