4.8 C
Скопје
07:52 - 27 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) ОД ПАДИНИТЕ НА ЈАКУПИЦА: Тања ни го открива еликсирот на младоста на нашите претци – Водника или овошна туршија

Водника е еден од најстарите здрави пијалоци на нашите предци. Се прави од диво овошје односно од диви шумски плодови, ни открива Тања Благоевиќ, производителка на органски намирници, која пред десетина години го напушти Скопје за да се пресели на село под падините на Јакупица.  

Тања Благоевиќ, производителка на органски намирници, фото – приватна архива

– Ако редовно го пиете овој здрав ферментиран напиток може да доживеете длабока и здрава старост, особено ако во оваа напивка користите диви плодови кои растат на незагадени подрачја – вели Тања.

Тања ни објаснува дека Водниката е полна со ензими, минерали и витамини и вообичаено се подготува во октомври и ноември.

– Дивите овошни бобинки што се користат се богати со витамин Ц и антиоксиданти. Ова е еден од најважните напивки во зима, бидејќи ефективно заштитува од настинки и грип. Благодарение на дивото шумско овошје, водниката е супер за зајакнување на имунитетот, вели Тања и ни го открива начинот на подготовка на овој еликсир.

Начин на подготовка:

Се собираат следниве диви шумски плодови: дренки, шипки, смреки, трнинки, диви круши (оскоруши), диви јаболки, глог…треба овошјето да биде од чисти незагадени средини.

Ќе го исчистите, измиете и се остава да отстои, односно да ферментира, во буре со изворска вода 25 дена.

Важно е напивката да не се прави со хлорирана вода.  Плодовите треба да бидат 50% од садот односно половина буре со плодови а останатото со изворска вода. Истите се покриваат со потиснувач за да не пливаат на површината. По неколку недели веќе може да ја пиете оваа волшебна напивка. Колку сок ќе извадите толку вода ќе додадете, ако извадите две чаши треба толку додадете. На тој начин од овој неисцрпен извор може да пиете во текот на целата година, а особено во зима.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....