08:13 - 14 ноември, 2026

ВО ШТИП НАМЕСТО НА ПАСТРМАЈЛИЈА, ВО ЦВЕТНАТА ОАЗА НА ГОСПОЃА ЈУЛИЈАНА: Вака изгледа кога на љубов ви се возвраќа со цвет!

Денес разговараме со Јулијана Десподова, која работела во конфекција, но веќе една година поради пандемијата со коронавирус, никаде не работи.

Нашата денешна цветна дама е голема љубителка на цвеќиња, а таа нејзина љубов е видлива на двете тераси од нејзиниот дом во Штип, како и во големата градина околу викендицата која се наоѓа на околу два километра од Штип.

Вели дека ги обожава сите цвеќиња што имаат цвет, но има и сукуленти.

– Бидејќи не работам, по целиот ден се дружам со цвеќињата и „чепкам“ околу нив, – искрена е Јулијана. 

Ја прашуваме кое е нејзиното омилено цвеќе?

– Хм..,- се замислува малку таа, и веднаш додава – сите! Но, ајде да ги издвојам сарделите – ни вели низ насмевка госпоѓа Јулијана.

Ни зимата не е проблем за љубимиците на нашата соговорничка, зашто таа има затворена тераса и таму, на сигурно, ги сместува цвеќињата во ткот на студените денови.

Совет за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе и растенија?

– Им препорачувам да си купат што сакаат, но да ги негуваат и со љубов да им приоѓаат, а тие ќе им возвратат со прекрасен цвет!, вели Јулијана.

Инаку, Јулијана Десподова, е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....