00:59 - 12 јули, 2026

НИМАЛКУ СЕКСИ: Тажната приказна за Рејмонд Рој, таткото на „Викторија сикрет“

Американскиот бизнисмен Рејмонд Рој е таткото на денес прочуената компанија за долна облека Викторија сикрет. Неговата животна приказна имаше тажен крај.

Приказната за Викторија сикрет започнува со името на Рој Ларсон Рејмонд, роден во 1947 година, кој бил американски бизнисмен и основач на првата продавница наречена Викторија сикрет. Искусен во маркетингот и економијата, на 12 јуни 1977 година Рој започнува сопствен бизнис отворајќи ја продавницата Викторија сикрет во трговскиот центар Стенфорд.

Причината да отвори ваква продавница била што се срамел да купува долна облека за неговата сопруга во стоковните куќи, изложен пред очите на јавноста. Сметајќи дека многумина како него го делат истото чувство зема кредит од 40.000 долари и уште толку пари позајмнува од роднините, па почнува со работа.

фото јутјуб

Значи, мисијата на Рејмонд беше двојна: Прво, луѓето да можат на мир да избираат долна облека, а второ – да се смени пристапот кон долната облека, од функционален во забавен. Го одбра името „Викторија” кое асоцира на Викторијанската ера; од надвор префинета, со тајни сокриени во внатрешноста.

Фирмата во првата година заработува 500.000 долари. По ваквиот молскавичен успех Рејмонд прави каталог за нарачки и отвора уште три продавници.

Во 1982 година, по пет години работење, тој одлучува да ја продаде фирмата. Тогаш веќе има шест продавници, познат каталог кој се печател на 42 страници и заработка од 6 милиони долари годишно. Викторија сикрет Рејмонд ја продава на Лесли Векснер кој ја купува за само 1 милион долари.

Искусниот трговец Векснер веднаш ги забележал недостатоците во фирмата, сметајќи дека Рејмонд бил повеќе фокусиран на мажите отколку на жените. Така тој го сменил фокусот, ставајќи ги жените во преден план. Промената ја форсира преку веќе познатиот каталог кој овојпат е сосема посветен на жените претставени преку исклучителни убавици.

До 1990 година, Викторија сикрет прераснува во сериозна компанија која „тежи“ дури 5 милијарди.

Во 1984 година, Рејмонд се впушта во нов бизнис, отворајќи продавница за деца „Мај чајлд дестени“, но за жал овој бизнис не му оди од рака како првиот, и фирмата банкротира во 1986 година.

По подолг период на депресија по ваквата загуба, на 26 август 1993 година, Рејмонд извршува самоубиство скокајќи од Голден Гејт мостот. Имал само 46 години.

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....