17.8 C
Скопје
13:49 - 20 април, 2024

КОJ ЗА ШТО, КУРВАТА ЗА МОРАЛОТ: Сексуалните апетити на најпосакуваните жени во светот

Биле најпосакувани жени во светот, имале многу стил, женственост, но и неверојатен апетит за сексуален живот. Ќе останат запаметени како фатални заводнички на сите времиња.

pixabay

Клеопатра, синоним за заведување

Иако не била некоја посебна убавица, египетската кралица Клеопатра низ вековите важи за една од најпривлечните жени на сите времиња. Била нежна и имала убаво тело, а мажите ги заведувала употребувајќи посебни парфеми донесени од источните земји. Имала елегантен врат, долга црна коса и полни усни. Накратко, била жена поради која мажите, доколку љубовта не им била возвратена, биле подготвени и да се убијат. На ваквите епитети, додаден е уште еден – упатеност во тајните љубовни вештини. Од 12-та година кога го имала својот прв љубовник го употребувала сексот како извор на задоволство, но и на власт. Се тврди дека изградила храм во кој десетина момчиња, робови, ја потхранувале со разни афродизијаци. Со нив секојдневно ги вежбала еротските тајни кои ги учела од проститутките во Александрија. Постојат податоци дека во тек на една вечер можела да води љубов со 100 мажи. Постојат и белешки во кои пишува дека бесмртната Клеопатра сакала само двајца мажи. Првиот бил Јулиј Цезар, а вториот Марк Антониј. Поради неа Цезар до „судниот ден“ ја губел главата, а храбриот Марк во својата љубов отишол толку далеку што дури и умрел поради неа. На египетскиот трон седнала кога имала само 18 години, а од животот се откажала поради египетската кобра.

Кој за што, курвата за моралот

Поранешниот римски закон им забранувал на сенаторите брак со глумици, а царица Теодора (508-548), жена со исклучителна убавина, интелект и волја, а велат и со многу строг изглед, пропагирала по венчавката со Јустинијан големи морални реформи! Истовремено за себе го задржила статусот „Заштитник на неверните жени“. За да не го прекршува законот кој забранувал потполна голотија, Теодора носела проѕирна ткаенина и во околината на Рим ги отворала своите „рајски врати“ на десетмина благородници за една вечер. А следниот ден незаситната Теодора „густирала“ 30-на нивни слуги.

Ги убивала робовите после секс

Кралицата Зингуа (17 век), владетелка на територијата на денешна Ангола, била една од најсуровите нимфоманки на која рамни и биле само легендарните Амазонки. За нив, инаку се тврди дека ги осакатувале своите мажи бидејќи наводно таквите биле најдобри љубовници. Раскалашната кралица Зингуа имала цел машки харем во кој избирала по двајца кои се бореле до смрт, а на победникот како награда му го нудела своето тело кое морал да го „потхранува“ додека не се онесвести. Откако ќе се разбудела од несвест, сексуално незаситната кралица го убавала љубовникот. Зингуа не ги убивала само своите мажи туку и бремените жени. Својата љубомора на нив поради сопствената стерилност ја излекувала откако ја примила христијанската вера на 77 годишна возраст.

pixabay

Несоницата ја лекувала со секс и војаерство

Сексуалниот капацитет на прочуената руска владетелка Катарина Велика (1729-1796) не можел да се измери. Имала 21-годишен официјален љубовник и околу 60 попатни љубовници. Патела од несоница за која тврдела дека најдобро се лекува со секс. Покрај секојдневните напорни сеанси неопходни за нејзиното здравје сакала и да гледа, па така спаѓа и во познатите воајери.

pixabay

Се сетила на 16.527 љубовници

Една од најнезаситните жени на планетава на сите времиња била познатата глумица Дибоа (18 век) од тогашна Франција. Популарните тогашни хроничари напишале дека нејзината љубов кон златото е еднаква само на нејзината страст. Глумицата составувала каталог-книга од своите љубовници во текот на 20 години на својата најголема активност. На страниците на нејзината автобиографија се нашле 16.527 машки имиња, а тоа покажува дека сексуално ја задоволувале по три мажи дневно. Најверојатно по еден за појдаок, ручек и вечера. А дали имала „ужинка“, може само да се претпостави зашто зборувала дека многу имиња не се запишани во книгата.

15 часа секс

Уште една раскалашена актерка со заносни облини била Ме Вест. Оваа холивудска ѕвезда била една од ретките која јавно говорела за своите сексуални искуства.

„Во кревет се создаваат моите најодбри дела. Не се знае точниот број на моите љубовници“, велела Вест која во своите мемоари напишала дека со извесен Тед била „споена“ 15 часа.

принтскрин/јутјуб

На кралевите им давала по 10 оргазми на ден

Лола Монтез (1818-1861) е една од ретките жени во историјата која имала се што посакувала во животот. Уште на 13- годишна возраст открила дека на своето тело може да заработува и да си ги остварува соништата. Но не може да се каже дека не и било важно со кого ја делела постелата зашто одбивала дури и заводници со сина крв. Нејзината љубов не ја добил престолонаследникот на Полска зашто имал вештачки заби. Откако заводливата Лола сменила три мажи и безброј љубовници, меѓу кои бил и Франц Лист, станала љубовница на баварскиот крал Лудвиг Први кој ја прогласил за баронеса и контеса.  Кралот го „вртела“ околу малиот прст, а тој не можел да живее без нејзината љубов по цена да ја загуби круната. Нејзината тајна моќ во љубовта, како што е забележано, била во контролата на некои мускули. Така можела на секој маж да му пружи и 10 оргазми на ден. По абдикцијата на Лудвиг, побегнала во Англија, а оттаму во Америка каде веќе стара се посветила на грижата за жените кои „тргнале по погрешен пат“.

принтскрин/јутјуб Лола Монтез

Одела во јавна куќа за да се одмори

Холанѓанката Мата Хари (187601916) спиела со огромен број на мажи не само поради дознавање на воените тајни туку и за пари. Во нејзината клиентела, покрај повеќе француски министри, спаѓал и тогашниот холандски премиер, германскиот престолонаследник и многу влијателни мажи од политичкиот свет. Поради тоа ја викале „интернационална курва“. Нејзиниот прв маж бил многу суров кон неа, па се претпоставува дека токму поради тоа Мата Хари одлучила да се пушти „во промет“. Тоа што е најинтересно во биографијата на оваа љубовница е дека одела во јавни куќи по неколку дена за да се одмори и да ужива.

Шеикот ја протерал големата кралска заводничка

Уште една голема заводничка била англиската авантуристка Леди Џејн Еленсбороу која на листата на своите љубовници го имала и кралот Лудвиг Баварски, ама и неговиот син Ото, потоа кралот на Грција и писателот Балзак. Кога имала 73 години во својот дневник напишала „ поминаа веќе 20 дена откако Медјуел последен пат со мене спиеше. Очајна сум. Што тоа се случува“.

Со љубовници до самата смрт

Големата француска театарска дива Сара Бернар пред својата смрт изјавила дека без сомнеж била најголема љубовница на своето време. Иако не била убава, црвенокосата Сара со своите 152 сантиметри го спобудалела и самиот Наполеон Трети, но и писателот Виктор Иго. Иако не била надарена со убавина, заведувала со гласот, еротичноста и волшебната женственост. Слабост и биле мажите и сексот. Сите кои ја познавале ја нарекувале Божествената Сара, а едно списание објавило напис со наслов Љубовниците на Сара Бернар исполнувајќи ги сите свои страници. Се зборувало дека според бројот на мажите кои завршиле во нејзиниот кревет била рекордерка! Во една театарска несреќа, 1915 година, под сомнителни околности тешко е повредена. Добила гангрена, па ногата и била ампутирана. Умрела во 1923 година, во 69-та година од својот живот, а нејзината постела наводно се до смртта секојдневно била полна со љубовници кои зборувале дека нејзината убавина е неверојатна и во тие нејзини години.

Постојат уште два интересни податоци од биографијата на Божествената Сара, забележани од Оскар Вајлд, а тоа е дека имала над 1.000 љубовници главно од уметничкиот свет и дека често спиела во мртовечки ковчег од грдо дрво кој бил исполнет со писма од обожавателите.

Љубовницата на кралот се нудела на селаните

Љубовницата на Наполеон, Паулина Бонапарта Боргезе, била толку страсна што после секој сексуален чин преморена лежела во кревет и морале да ја пренсеуваат на носилки. На 15 годишна возраст веќе заведувала. Имала мала, убаво обликувана глава, убави светло-смеѓи очи, прекрасен тен, преубави заби кои светкале како бисери. Била свесна за своето убаво тело и гради. Ја обожавале политичарите и богатите, а тоа таа го искористувала. Невиноста ја загубила на 16- годишна возраст од двојно повозрасниот влијателен функционер. По смртта на мажот била тажна, но само поради тоа што Наполеон не и дозволувал да се сретнува со други мажи. Била нимфоманка, а се тежела со фактот дека токму црнината што ја носи ја прави многу секси. Наполеон не го сакал нејзиното раскалашено однесување, па едноставно ја омажил со италијанскиот принц Камило Боргезе. Но Паулина не била среќна и зборувала за лошите сексуални можности на мажот. Иако Наполеон и доделил царска титула, таа и понатаму се однесувала провокативно па облечена само во долна облека им се нудела и на селаните. Умрела на рацете на својот поранешен маж Камило Боргезе кој и покрај нејзиното бесмрамно однесување ја прифатил со раширени раце.

Слични објави

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо
Се вчитува....