16:51 - 3 април, 2026

(ФОТО) ОД МАЛЕЧКО КАКТУСЧЕ ДО АНГЕЛСКА ТРУБА: Разговор со Александра за која цвеќињата се љубов и витамини

Денес разгледуваме голем цветен двор, препознатлив по три палми и разговараме со Александра Илиевска која по професија е одделенски наставник и со одгледување на цвеќиња започнала да се занимава пред две години.

Таа ни раскажува за големиот двор – околу 300м2, кој се наоѓа на „Кумановска“ улица во Тетово, и за кој се одговорни свекорот и свекрвата.

(ФОТО) ВО РАЈСКОТО ДВОРЧЕ НА ГУДА ВО МОНОСПИТОВО: Тука цвеќињата пеат заедно со птиците

Кои цвеќиња и растенија доминараат кај вас?

– Цвеќиња има многу. Ангелска труба, Јаболко цвеќе, Сардели, Петунии, Жарчиња, Ружи, а најдоминантни се трите палми со различна висина кои го красот дворот и е препознатлив по нив.

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Во летен период сака голема посветеност од 2-3 часа дневно за наводнување, прихрана, витамини и инсекти.

– Јас сум голем љубител на собните цвеќиња кои ги имам во доста голем број разни сорти на кактуси, сансиверии, бенџамин, фикуси. Прво цвеќе што го купив беше едно мало кактусче кое едноставно ми зрачеше во дневната соба, ни раскажува Александра за својата пасија.

Во градината имам многу кои ми се омилени бидејќи секое цвеќе има своја убавина, едноставно шират љубов. Најпрво цвеќето треба да го сакаш како живо суштество и милениче – мислам дека тоа е најголемиот витамин за нив и за нас.

Како се грижите за растенијата во текот на зимата?

– Во текот на зимата цвеќињата треба да се заштитат од ладното време и наводнувањето е во помали количини. Палмите кога ни беа мали, мојот свекор ги заштитуваше со најлон. Ги покриваше секоја зима, но веќе не, големи се и минатата зима не ги заштити.

„Најпрво може со јабука, цвеќе лесно е за одгледување и има убави цветови“, е градинарскиот совет кој го дава Александра за почетниците.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО) ВОЛШЕБНАТА ГРАДИНА ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР: Да го набљудуваш светот низ очите на растенијата е како да ја живееш својата земна бајка

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....