07:32 - 10 јануари, 2026

(ФОТО) НА ГОСТИ ВО ЛЕКОВИТИОТ ДВОР НА ТАЊА ГЛИГОРОВА: Моето дворче е мојот рај, диазепам

Кога се сака, сè се може – Тања е совршен доказ за тоа!

Денешната екскурзија ја направивме низ големиот, просторен и сончев двор на Тања Глигорова кој се наоѓа на 600 м надморска височина. Таа по професија е домаќинка и со одгледување на цвеќиња се занимава околу 11 години и се инспирирала да започне откако го подуредиле дворот.

фото: приватна архива

– Претходно не бев заинтересирана за одлегување на цвеќиња зашто дворот не ни беше среден. Знаете, кога живееш во селска куќа со родители, тие имаат различни погледи од невестата и поголем дел беше бавча за обработување. Покасно заедно со сопругот, кога дојдовме до финансии направивме некој план што и како да биде. Постепено одеше сè. И сè уште има за правење, полека полека…

– Планот го правевеме заедно со сопругот, првично заедно се направи расчистување, сеење на трева и бекатонот, потоа јас си правев распоред што да посадам и каде да се сеат цвеќиња и дрвца. Инспирација имав од девер ми Мите и Билјана Глигорова кои имаат мало но преубаво дворче во Скопје. Одржувањето е целосно моја работа.

(ФОТО) ГЕРМАНСКА БАЈКА НА ОХРИЃАНКАТА ЛИЛЈАНА: Трендафилите ме потсетуваат на Охридскиот парк каде го поминав детството!

– Дворот зафаќа површина околу 600 м2 и се наоѓа во едно преубаво село Конче, односно општина Конче, одалечено од Радовиш 23 км. За одржување на истиот треба околу 2 до 3 часа  време сигурно, не наеднаш, но распоредено во текот на целиот ден.

– Ги сакам сите цвеќиња, секое си има своја убавина, но ајде ќе издвојам некои: кринот ми е посебно убав: го имам во три бои жолт, портокалов и нежно розев;


Гладиолите исто така ги обожавам и нив ги имам во портокалова, розево шаренкаста и црвена боја. Импатијата исто така, хризантемите, сарделите.

Зошто ги сакам? Затоа што имаат преубави цветови кои едноставно ме пленат со нивната убавина и раскош, миризба како што се сарделите и хризантемите. Не дека другите не се убави, ги сакам сите.

– Преку зима тоа што е за внатре ги внесувам, а тие што се повеќегодишни а повеќето се, ги чистам и ги заштитувам со тоа што кога ги редам оставам врз нив како заштита бидејќи сме на 600 м надморска височина.

– Совет може за грчката петуниа, таа многу лесно се зафаќа и не бара некое внимание и многу шири. Исто и хризантемите се лесни за Одржување и зафаќање. Секој кој има простор, време и место за двор и цвеќиња нека почне со одгледување, затоа што многу релаксира, те опушта, те исполнува, одмара.

Навистина бара време, но вреди, за мене моето дворче е мојот рај, диазепам.

– Мое и на нашата (аутистична) ќерка е омиленото место каде што таа наоѓа мир, радост, смиреност, нејзиниот лек преку текот на целиот ден.

Инаку, Тања е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО) УЖИВАМЕ ВО ДВОРОТ НА МИТА ВО ЗЛЕТОВО: Кој не сака цвеќе, не се сака ни самиот себе!

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....