08:47 - 16 ноември, 2026

ДУШЕКОТ НА КОЈ СПИЕШ МОЖЕ ИЗГЛЕДА ЧИСТО, НО ВНАТРЕ Е ХОРОР: Само на овој начин можете темелно да го исчистите

Сите знаеме колку квалитетниот сон е важен за здравјето, а за добар сон не е важно само вашиот душек да биде добар, туку и да биде чист.

За жал, речиси сите го прескокнуваме чистењето на душекот и затоа душекот е преполн со микрочестички. Душеците содржат трошки храна, разни алергени, паразити, прашина и останати нешта кои не се видливи со голо око.


За да бидете сигурни дека спиете на чист душек без несакани гости, исчистете го темелно на едноставен начин.

Се што ви треба е шолја сода бикарбона и неколку капки масло од лаванда, а од помошен прибор една тегла и цедалка (со ситна мрежа) или сито. На крајот ќе ви биде потребна и правосмукалка.


Постапка: Во теглата сипете ја сода бикарбоната и маслото од лаванда, затворете ја теглата и лесно промешајте да се соедини. Добиената смеса ставете ја во сито или цедалка и преку неа рамномерно напрашете по целата површина на душекот.

Оставете да делува еден час, па поминете го темелно душекот со правосмукалка.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....