03:44 - 20 февруари, 2026

ВОНРЕДНИ ВЕСТИ ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ: Циклон доаѓа кон Македонија, еве кога точно ќе „удри“!

– За време на овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со услови за појава на магла и на ниска облачност по котлините и по речните долини, и тоа во утринските и претпладневните часови. Наутро ќе биде студено со температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, вели Попоски.

Потоа во понеделник кон крајот на денов облачноста од запад ќе се зголемува и ќе подпаѓаме под влијание на циклонска активност која ќе биде со центар над северен Јадран. Во текот на ноќта кон вторник од запад ќе започнат врнежи од дожд, кој во вторник ќе се прошират речиси насекаде и особено на запад ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог.

– Ќе дува слаб до умерен, а во вторник до ЗАСИЛЕН ветер од југоисточен правец.  Температурите поради јужното воздушно струење, и поркај оваа промена на времето ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени, објаснува нашиот метео прогнозер.

Според Попоски, и во Скопскиот регион до понеделник времето ќе биде сончево и стабилно со температури кој ќе се искачат до околу 17 степени. Сепак, наутро ќе биде студено и ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени. Промена на времето и во Скопје и околината ќе има во вторник кога ќе има врнежи од дожд, а врнежите ќе бидат проследено и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....