1.8 C
Скопје
23:26 - 21 декември, 2024

ВИКИ ДИМЧЕВСКА СО СИЛНА ПОРАКА ДО СИТЕ ЖЕНИ: Никој не е ТИ. Тоа е твојата МОЌ!

Скопјанката Вики Димчевска, Амбасадор за човекови права и хуманитарни активности, инаку урбана и успешна деловна жена, во месецот на женски активизам, испраќа силна порака до сите жени.
Никој не е ТИ.
Тоа е твојата МОЌ !
 „ЈАС не сум она што ми се случило ,
 ЈАС сум она што одлучив да бидам,”
Димчевска продолжува:
– ЖЕНИ! Денот што може да ви го промени животот, започнува секое утро! Можеби вашата приказна нема толку среќен почеток, но тоа не ве прави она што сте, туку остатокот од вашата приказна, ВИЕ избирате во што ќе верувате и каква ЖЕНА сакате да бидете, силна или потчинета .
Самодовербата е верба во сопствените способности, треба да верувате во себе и vo своите вредности.
фото – приватна архива
Да се познаваш себеси е мудрост, а да владееш со себе е моќ, смета Димчевска.
– Искуството ме направи позрела личност, „се е менливо и минливо во животот”. Сфатив дека треба да уживам во секоја ситница што ме прави среќна во мојот живот. Ситниците се тие што го прават човекот среќен, мали ситни среќни моменти составени како делчиња од сложувалка прават една убава целина од среќа…Научив дека само тоа што мене ме прави среќна треба да го правам , кога јас сум исполнета и среќна таква енергија и ширам, тогаш и околината околу мене ја прифаќа таа среќна аура што јас ја пренесувам – вели Вики и додава дека со многу работење во текот на 15-годишниот работен стаж станала  успешна жена на три работни позиции – Амбасадор за човекови права и хуманитарни активности во Р.С.Македонија, менаџер за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор на Р.С. Македонија, промотор на 100% органски производи во Р.С.Македонија.
Димчевска нагласува дека сака што е жена, дури и во овој машки свет.
– Научив кроз животот да чекорам како војник, со машки цврсти чекори …Затоа што чекорам машки, одлучив: Никогаш да не се извинувам затоа што сум моќна жена! Моќна сум со мојата добра душа и мојата емотивна зрелост.
Не е лесно да се живее во страв.
Жената скоро никој не ја разбира.
Луѓето најчесто велат „преболи или ќе помине“!
Фамилијата и друштвото ретко се до вас, затоа што мислат дека сте нерасположени …
НАЈВАЖНО Е ДА СФАТИТЕ
Не сте сами во оваа борба !
Обединети заедно сите жени можеме да изникнеме од пепелта на насилството како ФЕНИКС .
Иако патот може би ви изгледа темен и непрооден.
Болката и страдањето збунувачки , сепак има излез и светла страна со поддршка, разбирање , љубов и работа на себе …
ЖЕНИ,
Да си бидеме поддршка едни на други !
…Време е да го кренеме гласот и да му се спротивставиме на насилството !
…Време е да говориме отворено и да дадеме поддршка на сите жени кои се соочиле со насилство , да не трпат, туку да побараат помош !
КАЖИ „НЕ“ ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ.

16 денови Активизам

Обои го светот портокалово: СТОП за родовото базирано насилство !
Шеснаесете дена активизам против насилството врз жените и девојчињата е меѓународна кампања што се одржува секоја година. Кампањата започнува на 25 ноември на Меѓународниот ден на Елиминација на насилството врз жените, а трае до 10 декември – Денот на човековите права.
Кампањата се одржува секоја година и се користи како стратегија на поединци, институции и организации ширум светот кои повикуваат на превенција и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата.

НОВИНАРИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Во рамки на 16 дена активизам против родово базирано насилство, на 3 декември одржан е јавен настан пред јавниот тоалет под мостот Гоце Делчев во Скопје, каде заедно со општествено одговорната компанија АКВАЛУКС се промовираше кампањата за подигнување на свеста за пристап до безбедни јавни тоалети.
– За една жена , пристапот до безбеден јавен тоалет го намалува ризикот од вознемирување , силување и сексуално насилство.
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство, вели Димчевска и додава:
– Да ги охрабриме жените активно да учествуваат во социјалниот живот. Да бидат амбициозни, со сите свои доблести кои ги поседуваат да се борат за своето место во општеството, да имаат кариера, да бидат граѓански активистки, да си ги знаат и бараат своите права. Ајде заедно да се бориме за ова, силната, едуцираната и независна жена може да биде добра и пожртвувана мајка и да покаже дека со партнерот мора да биде рамноправна. Жената настанала од машкото ребро, а не од неговите стопала за да се гази по неа. Не од неговата глава за да се владее со неа, туку од колкот за да му биде еднаква. Под рацете за да биде заштитена и покрај срцето за да биде сакана.
ЖЕНИ, ВО ЦЕЛАТА НОВОГОДИШНА ЕУФОРИЈА , НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ СЕ СЕБЕ СИ! Заслужувате најмалку 365 денови подароци и внимание!
фото-приватна архива
Мојот совет за жените: Дури и ако имаш обична работа, однесувај се кон себеси како шеф. Не да бидеш арогантна, но биди сигурна во себе и во она што го сакаш,
ЖЕНО БИДИ ЈАСНА И ГЛАСНА – и немој да си сториш нешто лошо себеси . Нема ништо полесно од тоа сама да си го уништиш животот …
Затоа што си магична.
Затоа што знаеш да се радуваш .
Затоа што си вредна.
Затоа што цврсто чекориш напред .
Затоа што си насмеана .
Затоа што знаеш дека заслужуваш среќа
Затоа што ти се може …
ТИ СИ ХРАБРА И ЈАКА , БИДЕЈЌИ СИ ЖЕНА , а не губитник!о кренеме гласот и да му се спротивставиме на насилството! Време е да говориме отворено и да дадеме поддршка на сите жени кои се соочиле со насилство, да не трпат, туку да побараат помош! Битката против насилството треба да се води 365 дена во годината! Да им помогнеме на жените да не се вратат кај насилникот! Кажи не, за насилството врз жените, порачува димчевска.
фото- приватна архива

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....