13:58 - 12 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Од утре пак се менува времето

– До крајот на денов времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, а ќе има појава и на повремен локален дожд. Услови за локален краткотраен дожд ќе има и во Скопје и околината, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени. Исто така денес ќе дува и слаб и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попоски нагласува дека од утре, под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, температурите ќе бележат тенденција на позначителен пораст а ќе има и повеќе сончеви периоди.  Повторно услови за ретка појава на локален краткотраен дожд ќе има во недела кон крајот на денот, особено во крајните западни предели.

– Минималните температури понатаму ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Во скопскиот регион максималните температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 27 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност, и ќе изнесува (коефициент 6), вели Попоски.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....