25.8 C
Скопје
18:10 - 6 мај, 2024

РАЗГОВОР СО ИВОНА ЈО: Време беше да го тргнам фокусот од мојата тежина

Таа шири позитивност кон сите форми на тела, но одлучи да направи чекор за поздрав, операција за „стеснување“ на желудникот.  

Пејачката и инфлуенсерка Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, ќе го памети датумот 26 август 2021, кога започнала едно ново поглавје во својот живот. „Шифрата на интернет мрежата во болницата започнуваше со 3,2,1, баш како одбројување за добар старт“, вели Ивана, расположена да ни го открие ова несекојдневно искуство.

приватна архива

Зошто се одлучи за операција на „кратење“ на желудникот? 

– Затоа што време беше да го тргнам фокусот од мојата тежина и дебелина затоа што имам квалитети, талент во себе, невидливи за јавноста. Живееме во време каде владеат стигми и норми поради кои дебелината не е прифатена. Се борев долго време со ова, но дојде моментот во кој требаше да променам нешто, да го сменам текот на животот кон подобро. Долго време сум поборник за прифаќање на сопственото тело, но оваа операција е нешто што останува за цел живот и ќе уживам во времето на моите промени.

Помина ли лесно операцијата?

– Откако одлучив да ја направам операцијата за „кратење“ на желудникот, седнавме на ручек со татко ми кој ме праша како сум и дали ми треба некаква помош. Се договоривме за два часа за деталите околу операцијата, истражувавме и дојдовме до информации за доктор Гордел Оран, од Турција кој, заедно со неговиот тим, ми ја направи операцијата. Подготовките не траеа долго, ги направија потребните испитувања кои траеа многу подолго. Операцијата помина одлично, но по освестувањето започна мојот потежок пат и борба. Требаше да станувам и да се движам, ми беше тешко бидејќи бев под силни седативи, имав болки, но сега е добро. Всушност, првите зборови ми беа ,,многу ме боли, дајте ми апче“. Првпат очите ги отворв во операционата сала, ме разбудија, и веднаш го фатив анестезиологот за рака велејќи му дека многу ме боли. Имав огромна болка, но тогаш се јави и стравот, прашувајќи се самата себе што направив и што се случи. Откако ме сместија во соба, чувствата се измешаа, страв, среќа, благодарност…

приватна архива

Како минуваат постоперативните денови?

– Сега сум добра. Пред два дена започнав со исхрана во кашеста форма, почнувам да го активирам желудникот, и да сакам да јадам многу не можам зошто 80 отсто од желудникот ми е отстранет, па сега не можам да изедам ни цело јајце. Чекорам, активна сум, единствено не можам да настапувам бидејќи имам недостаток на енергија.

Кој ти беше најголема поддршка?

– Родителите и најблиските пријатели од моето опкружување ми ја дадоа најголемата и најпотребна поддршка. Но, мислам дека најголема поддршка си бев јас, самата на себе, зашто без цврста и храбра одлука немаше да ја направам операцијата.

приватна архива
приватна архива
приватна архива
приватна архива
приватна архива
приватна архива
приватна архива

Слични објави

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо
Се вчитува....